среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

by Redakcija
17.01.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски одржа средба со претставници на норвешката технолошка компанија „Аvilo group“, која неодамна отвори свое претставништво во Битола.

На средбата присуствуваа Стеинар Мек Шејн Ериксен, извршниот директор и основач на „Аvilo“ од Норвешка, како и претставници од компанијата задолжени за претставништвото во Македонија.

За време на средбата беше презентирана работата и визијата на компанијата „Аvilo group“, како и причините поради кои од повеќе градови и држави, токму Битола беше избрана како локација за инвестиција и понатамошен развој. Претставниците на компанијата истакнаа дека тимот ја препознал Битола како град со потенцијал, квалитетни млади кадри и можности за долгорочен раст.

Преку „Аvilo group“ Македонија, компанијата ќе работи во тесна соработка со локалните компании од Битола и од цела Македонија, со цел да им помогне во процесите на дигитализација и автоматизација на работењето, пренесувајќи знаење и искуство стекнато на норвешкиот и меѓународниот пазар.

Од компанијата нагласија дека веруваат во младите како двигатели на иднината и дека Битола е вистинскиот град за инвестирање, развој и градење стабилни партнерства.

„Средбата претставува позитивен чекор кон унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и странските компании кои гледаат потенцијал за раст и развој во Битола“ , истакна градоначалникот Коњановски.

Related Posts

3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ПРИЛЕП: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

02.09.2026

Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села

02.09.2026

МФ: Владата ги усвои измените на Законот за јавни набавки – исполнет чекор од Реформската агенда за поголема транспарентност, квалитет и ефикасност

02.09.2026

“Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

02.09.2026

Без струја утре повеќе делови од Тетово

01.09.2026

Тоневски: Среќен почеток на новата учебна година за сите ученици во Пробиштип

01.09.2026

Препорачани Вести

Цела Македонија под портокалов аларм поради екстремни горештини, надлежните со важни препораки

4 недели ago

Седумдневна жалост во Венецуела по загубата на офицерите

8 месеци ago

Популарни Вести

  • 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ПРИЛЕП: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачката интелигенција брише работни места – Ова се 12-те професии кои исчезнуваат до 2035

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА: Запленети над 200 килограми дрога во стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • IN MEMORIAM: Почина Јован Донев, еден од најголемите македонски интелектуалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.