понеделник, март 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола со 11,5 милиони денари за животна средина: Фокус на чист воздух, зеленило и одржлива мобилност

by Redakcija
17.01.2026
in Република

Советот на Општина Битола ја усвои Програмата за животна средина за 2026 година, со која се предвидени вкупно 11,5 милиони денари за мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето на граѓаните.

Програмата има за цел унапредување на состојбите во животната средина преку подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, поефикасно управување со отпадот, намалување на дивите депонии, заштита од бучава, подигнување на јавната свест и активно вклучување на локалната заедница, како и зголемување на зелените површини и урбаното зеленило во градот.

Со одлука на Советот, 1,5 милиони денари ќе бидат наменети за изработка на стратегија за развој на зеленило, 3 милиони денари за субвенционирање на инвертер клима-уреди, еден милион денари за субвенции за замена на дограма во домаќинствата, еден милион денари за субвенционирање на велосипеди, додека 3 милиони денари ќе се издвојат за поставување подземни садови за собирање на комуналниот отпад. Дел од средствата се планирани и за реализација на креативни еколошки проекти.

Општината најавува и посебни активности за заштита од бучава, кои ќе опфатат мапирање на критичните локации и изработка на план за мерење по зони, со дневни и ноќни мерења. Во овие активности, покрај општинскиот тим, ќе биде вклучен и Центарот за јавно здравје – Битола.

За поуспешна реализација на програмата, ќе се спроведуваат засилени инспекциски контроли, како и превентивни и промотивни акции, меѓу кои денови без автомобили, денови на пешачка мобилност и мерки за поттикнување на превоз без емисии.

Related Posts

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп со голема акција за чистење во населбата Тризла

15.03.2026

Ноќ на сеќавање во Кочани: Вечерва граѓаните ќе се соберат пред дискотеката  „Пулс“ во 02:15 часот

15.03.2026

Коњановски: Крводарителството во Битола расте, млади се најактивни

14.03.2026

Проданоски: Го уредуваме просторот околу „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп

14.03.2026

Димитровски: Нови улици, спортски терени и училишна сала во Битола

14.03.2026

Општина Тетово: ИЗВЕСТУВАЊЕ за паркирањето на Благоја Тоска

13.03.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО – Најголемиот американски носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ влезе во Медитеранот упатувајќи се кон Крит Грција – расте военото присуство поради тензиите со Иран

3 недели ago

Моќни ракети и израелски системи: „Ахилов штит“ ја менува одбраната на Грција

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Моџтаба Хамнеи тајно хоспитализиран во Москва поради сериозни повреди

    Моџтаба Хамнеи тајно хоспитализиран во Москва поради сериозни повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тревога во Париз: Rafale авионите се соочуваат со недостаток на ракети, а се уништуваат со евтино оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја напуштаат ЕУ? Премиер на европска земја предупреди: „Тоа е реална закана. Тие сакаат да ја уништат.“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воздухопловните сили на Израел го уништија иранскиот владин авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Калас: Привременото олеснување на санкциите за руска нафта е опасен преседан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.