петок, ноември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола со 11,5 милиони денари за животна средина: Фокус на чист воздух, зеленило и одржлива мобилност

by Redakcija
17.01.2026
in Република

Советот на Општина Битола ја усвои Програмата за животна средина за 2026 година, со која се предвидени вкупно 11,5 милиони денари за мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето на граѓаните.

Програмата има за цел унапредување на состојбите во животната средина преку подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, поефикасно управување со отпадот, намалување на дивите депонии, заштита од бучава, подигнување на јавната свест и активно вклучување на локалната заедница, како и зголемување на зелените површини и урбаното зеленило во градот.

Со одлука на Советот, 1,5 милиони денари ќе бидат наменети за изработка на стратегија за развој на зеленило, 3 милиони денари за субвенционирање на инвертер клима-уреди, еден милион денари за субвенции за замена на дограма во домаќинствата, еден милион денари за субвенционирање на велосипеди, додека 3 милиони денари ќе се издвојат за поставување подземни садови за собирање на комуналниот отпад. Дел од средствата се планирани и за реализација на креативни еколошки проекти.

Општината најавува и посебни активности за заштита од бучава, кои ќе опфатат мапирање на критичните локации и изработка на план за мерење по зони, со дневни и ноќни мерења. Во овие активности, покрај општинскиот тим, ќе биде вклучен и Центарот за јавно здравје – Битола.

За поуспешна реализација на програмата, ќе се спроведуваат засилени инспекциски контроли, како и превентивни и промотивни акции, меѓу кои денови без автомобили, денови на пешачка мобилност и мерки за поттикнување на превоз без емисии.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

20.11.2026

Општина Тетово: Итно известување до граѓаните

20.11.2026

Општина Прилеп: Сите основни училишта се обединија во кампањата „Некој те чека дома“

19.11.2026

Засилени полициски контроли низ Македонија: Автобусите и камионите под посебен надзор до 22 ноември

19.11.2026

Утре без струја во Тетово и Тетовско: Во Циглана и дел од Порој прекинот ќе трае шест и пол часа

19.11.2026

Коњановски: Учениците во „Јане Сандански“ добија простор за своите идеи и поддршка при изборот на професија

19.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Висок ирански функционер беше целта на иранските воздушни напади врз Иран

Висок ирански функционер беше целта на иранските воздушни напади врз Иран

8 месеци ago
Најавена нова рунда мировни преговори помеѓу САД и Иран во Пакистан

Што крие нацрт-договор меѓу САД и Иран?

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

    Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димовски: Нема сигнали за предвремени избори, државата ќе оди на редовно гласање во 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едни со просечна плата од 88.787 денари, други со 35.447: Кои се најплатените и најмалку платените сектори во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Помалку од половина деца одат во градинка: На Македонија ѝ се потребни уште 19.000 места до 2032 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.