четврток, март 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола со 11,5 милиони денари за животна средина: Фокус на чист воздух, зеленило и одржлива мобилност

by Redakcija
17.01.2026
in Република

Советот на Општина Битола ја усвои Програмата за животна средина за 2026 година, со која се предвидени вкупно 11,5 милиони денари за мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето на граѓаните.

Програмата има за цел унапредување на состојбите во животната средина преку подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, поефикасно управување со отпадот, намалување на дивите депонии, заштита од бучава, подигнување на јавната свест и активно вклучување на локалната заедница, како и зголемување на зелените површини и урбаното зеленило во градот.

Со одлука на Советот, 1,5 милиони денари ќе бидат наменети за изработка на стратегија за развој на зеленило, 3 милиони денари за субвенционирање на инвертер клима-уреди, еден милион денари за субвенции за замена на дограма во домаќинствата, еден милион денари за субвенционирање на велосипеди, додека 3 милиони денари ќе се издвојат за поставување подземни садови за собирање на комуналниот отпад. Дел од средствата се планирани и за реализација на креативни еколошки проекти.

Општината најавува и посебни активности за заштита од бучава, кои ќе опфатат мапирање на критичните локации и изработка на план за мерење по зони, со дневни и ноќни мерења. Во овие активности, покрај општинскиот тим, ќе биде вклучен и Центарот за јавно здравје – Битола.

За поуспешна реализација на програмата, ќе се спроведуваат засилени инспекциски контроли, како и превентивни и промотивни акции, меѓу кои денови без автомобили, денови на пешачка мобилност и мерки за поттикнување на превоз без емисии.

Related Posts

Проданоски: Прилеп го доби првото од деветте нови комунални возила за собирање отпад

12.03.2026

Општина Битола ангажира 18 невработени лица за јавни работи

12.03.2026

Утре повеќе делови од Тетово ќе бидат без струја

11.03.2026

Проданоски: Јубилејното издание на „Прочка“ во Прилеп донесе нов квалитет на карневалот

11.03.2026

ЈКП „Водовод“ – Битола започна подготовки за повторно активирање на фонтаната кај Саат кулата

11.03.2026

„Убавината како став“ во Битола – промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина

11.03.2026

Препорачани Вести

Германија испраќа воена мисија во Гренланд по барање на Данска

2 месеци ago
Сите државни патишта проодни, сообраќајот се одвива без прекини и покрај зимските услови

Умерен сообраќаен интензитет и без задржувања на граничните премини

1 недела ago

Популарни Вести

  • Сведоштво на инспектор на ДЗС: Хидрантот во „Пулс“ бил празен, прозорците со решетки а вратата заклучена со катанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран лансира нов бран ракетни и дронски напади врз Израел и Персискиот Залив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејни расправии завршија со апсења: пет лица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орбан во емотивен разговор со ќерката: „Украинците им се закануваат на моите внуци“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спомен на Вања Лазарова – девет години без гласот на македонската изворна народна музика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.