недела, февруари 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија

by Redakcija
17.01.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители му помогнале да побегне на осомничен за сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на 9 јануари во скопската населба Капиштец. Двајцата се обвинети за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинението, тие со умисла му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, веднаш по несреќата дошле до домот на осомничениот, го зеле него и неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Откако ги оставиле таму, помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Со обвинението, јавниот обвинител доставил и предлог до судот за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.

Во меѓувреме, осомничениот за сообраќајната несреќа со смртен исход сѐ уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје.

Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.

Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи.

Од обвинителството информираат дека истрагата продолжува и дека паралелно се преземаат дејствија за утврдување на евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан. Од МВР апелираат граѓаните, доколку имаат сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата. објави Скопје1.мк

Related Posts

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства –  Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство

22.02.2026

ТЕЛМА ОТКРИВА: Еве за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско – кај сите жртви ова било заедничко

21.02.2026

Апсење во Скопје на различни локации

21.02.2026

Вработен осомничен за затајување, зел пари од објектот во кој работел

21.02.2026

Полициска акција во Тиквешијата: 11 пијани возачи исклучени од сообраќај, две лица приведени

21.02.2026

Трагична сообраќајка на патот кај Виница – загина 34-годишник

21.02.2026

Препорачани Вести

Ристоска за „24 Анализа“: Чиста ми е совеста за бонусите на СЈО

2 недели ago

Николоски: Нови авиолинии од Скопје до Алгеро и Палермо, расте интересот за македонскиот авиосообраќај

5 дена ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – ЕМОТИВНО ПОТСЕТУВАЊЕ: Кога холандски хор ја запеа „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ –  Уживајте во изведбата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства –  Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ЈАБЛАНИЦА КАКО ОД БАЈКА: Снег до врв, глетка што го запира здивот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон за американските царини: Европа ќе реагира внимателно и ќе бара фер правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Мастер планот на Чаир се реализира на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.