понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

by Redakcija
17.01.2026
in Магазин

Со ниските јануарски температури, греењето повторно станува една од најголемите ставки во домашниот буџет. Анализите покажуваат дека изборот на енергенс може значително да ја зголеми или намали месечната сметка, при што разликите меѓу поединечните системи се драстични.

Кога станува збор за греење на струја, инвертер клима уредите моментално се најисплатлива опција. Тие функционираат како топлински пумпи и за секој потрошен киловат-час електрична енергија произведуваат од три до четири киловат-часа топлина. Благодарение на оваа ефикасност, тие трошат и до трипати помалку струја од класичните електрични греалки или панел радијатори.

Огревното дрво, иако со децении е најраспространет начин за греење, полека станува поскап избор. Цените оваа сезона се движат меѓу 4.500 и 5.500 денари за кубен метар, а кога ќе се вклучат трошоците за транспорт, сечење и складирање, вкупната сметка често ја надминува онаа за инвертер системи.

Пелетите нудат поголема удобност поради автоматизираното работење на печките, но нивната цена во последните години значително варира. За една грејна сезона, на просечно домаќинство му се потребни од два до четири тони, што го прави овој енергенс поскап од инвертер климите, но сè уште поевтин од класичното електрично греење.

Според просечните пресметки, месечните трошоци за греење изгледаат вака: инвертер клима уредите чинат од 2.500 до 4.500 денари, централното парно од 3.500 до 5.000 денари, огревното дрво од 4.000 до 6.000 денари, пелетите од 5.000 до 7.500 денари, додека електричните панели и греалки лесно можат да надминат 10.000 денари месечно.

Највисоки сметки, според експертите, имаат домаќинствата што користат обични електрични тела, каде соодносот меѓу потрошената и добиената енергија е еден на еден. За долгорочна заштеда се препорачува инвестирање во инвертер системи, како и подобрување на термичката изолација, со што сметките за греење може да се намалат и до 20 проценти.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Хороскоп

Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

23.11.2026
Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

22.11.2026

Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

21.11.2026

Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

21.11.2026

Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

21.11.2026

Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Силна поддршка за Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше

11 месеци ago
Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индонезија и Кина со мегапроекти од речиси 87 милијарди долари: Ќе градат десет паметни градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците масовно купуваат вода и генератори, Британците складираат храна: Што се случува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.