Monday, January 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп со нов притисок околу Гренланд: Данска не ја гарантира безбедноста на Арктикот

by Redakcija
19.01.2026
in Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека Данска не успеала со години да се справи со, како што ја нарече, „руската закана“ поврзана со Гренланд, најавувајќи дека Вашингтон ќе преземе решителни чекори.

Во објава на социјалната мрежа Truth, Трамп напиша дека НАТО со децении ја предупредувал Данска за потребата од посилно безбедносно присуство на Гренланд, но без конкретни резултати. Според него, ситуацијата повеќе не може да се одложува и САД ќе дејствуваат.

Трамп повтори дека американската контрола врз Гренланд е неопходна за безбедноста на Арктикот, предупредувајќи дека во спротивно островот би можел да падне под влијание на Русија или Кина. Истовремено, тој најави дополнителни царини за осум европски земји, меѓу кои и Германија, кои јавно се спротивставија на можната анексија на Гренланд.

Американскиот претседател го оцени и присуството на европски војници на островот како „многу опасна игра“, со што дополнително ги засили тензиите со европските сојузници.

Во заедничка реакција, осум европски држави порачаа дека како членки на НАТО остануваат посветени на стабилноста и безбедноста на Арктикот. Тие нагласија дека воената вежба „Арктичка издржливост“, предводена од Данска, нема заканувачки карактер и изразија целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд.

Препорачани Вести

Изгледа како рај, но всушност е најопасното место на светот: Скриена опасност демнее на секој чекор – “Ткивата се топат, а се умира за само еден час”

Изгледа како рај, но всушност е најопасното место на светот: Скриена опасност демнее на секој чекор – “Ткивата се топат, а се умира за само еден час”

8 months ago

ТРАГЕДИЈА: Двајца Македонци загинаа во Италија – познат нивниот идентитет (ФОТО)

10 months ago

Популарни Вести

  • Трамп со нов притисок околу Гренланд: Данска не ја гарантира безбедноста на Арктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со навреди кон Европа по најавите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почината жена пронајдена во својот дом во тетовско Јегуновце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Давос под сенката на Трамп: Форумот на моќта меѓу дијалогот и бруталниот реализам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Тетово утре ќе биде без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.