сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Незаборавна победа за Македонија! Романија падна во драматичен финиш

by Redakcija
20.01.2026
in Спорт

Ракометарите на Македонија го завршија настапот во групната фаза на Европското првенство со тесна победа над Романија од 24-23 (13-9). Иако трипати имавме предност од пет гола, последните минути донесоа голема неизвесност, но нашите играчи успеаја да ја задржат минималната предност до крај.

Средбата започна одлично за Македонија, со брзи голови на Иван Џонов и Ненад Костески, за водство од 3-0. Романците долго време не успеваа да најдат решение за нашата пет-еден зона, а првиот погодок го постигнаа во 11. минута. Сепак, нашите ракометари брзо возвратија, со Кузмановски и Митев кои го одржуваа водството.

Во продолжение на првото полувреме, Македонија ја искористи играта со човек повеќе, додека Жарко Пешевски и капитенот Џонов погодија за „плус пет“, за на полувреме да се замине со 13-9.

Второто полувреме донесе неизвесност. Романците се вратија со серија голови и во неколку наврати ја намалија предноста на само еден гол. Во клучните моменти, Кузмановски реализираше седмерец, а последниот гол за конечни 24-23 го постигна Ненад Костески по контра-напад во последните секунди.

Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола, додека по четири погодоци имаа Ненад Костески, а по три Марко Митев и Игор Ѓорѓиев. Во романскиот тим се истакна Ионут Нистор со осум голови.

Со оваа победа, Македонија ја завршува групната фаза на ЕП.

Related Posts

Стефан Тренески е првиот Македонец што ќе се натпреварува во Формула 4 (ВИДЕО)

Стефан Тренески е првиот Македонец што ќе се натпреварува во Формула 4 (ВИДЕО)

10.04.2026
Фјури е подготвен да докаже дека е во врвна форма: Целта му е „брутален нокаут“ против Махмудов

Фјури е подготвен да докаже дека е во врвна форма: Целта му е „брутален нокаут“ против Махмудов

08.04.2026
МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!

МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!

07.04.2026
Реал Мадрид – Баерн: Финале пред финалето на Сантијаго Бернабеу, Арсенал фаворит за полуфиналето

Реал Мадрид – Баерн: Финале пред финалето на Сантијаго Бернабеу, Арсенал фаворит за полуфиналето

07.04.2026
Англија може да има седум тима во Лигата на Шампионите следната сезона

Англија може да има седум тима во Лигата на Шампионите следната сезона

06.04.2026
Македонските каратисти обезбедија места за Европското првенство во Германија

Македонските каратисти обезбедија места за Европското првенство во Германија

06.04.2026

Препорачани Вести

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради градежни работи на улица Тодор Александров

2 месеци ago

Германски медиум: Трамп ѝ даде ултиматум на Европа

2 дена ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во Гостивар – Уапсени две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со убави вести за возачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија под притисок – 6 месеци рок за исправка на ‘неправдата’ кон Македонците“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦО „СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ И СВ.АП. ВАРТОЛОМЕЈ“ ВО ПЈАЧЕНЦА – РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА СО СВОЈ ДУХОВЕН ЦЕНТАР И СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ОКОЛУ ХРАМОТ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со нов ултиматум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.