вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МПЦО „СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ И СВ.АП. ВАРТОЛОМЕЈ“ ВО ПЈАЧЕНЦА – РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА СО СВОЈ ДУХОВЕН ЦЕНТАР И СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ОКОЛУ ХРАМОТ

by Redakcija
11.04.2026
in Македонија

Во духот на христијанската љубов, единство и взаемно почитување, денес во Пјаченца свечено беше официјализиран договорот со кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија се стекнува со целокупниот простор околу храмот, кој во иднина ќе претставува значаен духовен, културен и општествен центар за македонската заедница.

Договорот беше свечено потпишан од страна на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен, и Неговото Преосвештенство, бискупот Адриано Чеволото, претставник на Епархијата на Пјаченца и Бобио.

Со овој договор, кој опфаќа имот во вредност од 800.000 евра, предвидено е негово отплаќање во период од 20 години, при што истиот преминува во трајно владение на Црквата.

Новиот црковен комплекс на МПЦО „ Св. Прохор Пчински и Св.Ап. Вартоломеј“ во Пјаченца ќе претставува вистински стожер на македонскиот духовен, културен и национален идентитет во Италија. Овој простор ќе им овозможи на верниците да ги извршуваат светите тајни – крштевки, венчавки, празнични богослужби – како и да организираат културни и општествени настани, со што ќе се зајакне заедништвото и ќе се негува македонската традиција меѓу иселениците.

Чинот на предавање на имотот од страна на бискупот Чеволото претставува силно сведоштво за братската љубов, разбирање и соработка меѓу Католичката црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, испраќајќи јасна порака за заедничката грижа за духовните потреби на верниците.

По потпишувањето, двајцата архиереи разменија срдечни честитки, истакнувајќи дека нивната заедничка мисија – грижата за човекот и неговиот духовен живот, ги надминува сите граници и разлики.

Овој значаен настан претставува уште еден чекор напред во зацврстувањето на присуството и мисијата на Македонската православна црква во Европа, како и потврда дека македонскиот јазик, вера и традиција ќе продолжат да живеат и да се пренесуваат на идните поколенија.

…

Related Posts

Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса

14.09.2026

Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

14.09.2026

Што ќе се случува со платите во администрацијата – Еднаква плата за еднаква работа?

14.09.2026

ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

14.09.2026

Од октомври личната карта и возачката ќе ги носиме во телефон

14.09.2026

Меџити: Честитки до Албин Курти за новиот мандат, заедничките проекти ќе ги зближуваат Македонија и Косово

13.09.2026

Препорачани Вести

Повеќе од 50.000 американски војници распоредени околу Иран, се разгледуваат копнени операции

Белгиски генерал предупредува: Европа има рок до 2030 за зајакнување против Русија

5 месеци ago
SONUS: Нов акустичен систем што го лоцира непријателскиот артилериски оган

SONUS: Нов акустичен систем што го лоцира непријателскиот артилериски оган

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Новиот BMW X5 добива спортски изглед со M Performance додатоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија повторно бара помош од Пјонгјанг: До 50.000 севернокорејски војници би можеле да стигнат на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прободен полицаец при интервенција, осомничениот е во притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп објави голема вест: Украина и Русија се согласија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.