Полициска акција во угостителски објект во селото Доброшане открила сериозни прекршувања поврзани со консумирање алкохол од страна на малолетници за време на приватна забава.
Контролата била спроведена изминатиот викенд од страна на СВР Куманово, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во локал сопственост на 24-годишна жена од Куманово.
Во објектот биле затекнати вкупно 15 малолетни лица, од кои кај 11 било утврдено дека се под дејство на алкохол. Прославата била организирана од 41-годишен жител на селото Љубодраг.
Поради констатираните неправилности, полицијата ги лишила од слобода сопственичката на локалот и организаторот на настанот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.










