вторник, февруари 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОД ДРЖАВНАТА ЛОТАРИЈА

by Redakcija
21.01.2026
in Македонија

 

Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи:

I. Правна стратегија, институционална одговорност и врвна академска експертиза

Државната лотарија своето работење го темели исклучиво врз принципите на законитост, правна сигурност и институционална отчетност. За таа цел, Друштвото ја вклучи највисоката академска правна експертиза во државата, меѓу кои и проф. д-р Димитар Гелев, редовен професор и раководител на Катедрата за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Овој ангажман е директна и нужна реакција на правно неодржливите, финансиски штетни и институционално опасни постапувања на поранешниот управен и надзорен одбор, како и на поранешната Влада во својство на основач на Друштвото. Имено, проф. д-р Димитар Гелев беше и натаму е ангажиран за целосна подготовка и правно водење на сложените постапки за престанување на трговските друштва, и тоа: Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје, Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје и Нова Државна видеолотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.

Правната поддршка опфати формулирање на целосна процесна стратегија, правна квалификација на основите за престанок, утврдување на формално-правните предуслови за донесување на одлуките и управување со сите идентификувани правни и финансиски ризици и, заедно со ангажираните адвокати без нивен надомест во рамките на неговиот тим, обезбедува застапување и континуирана правна заштита пред надлежните органи и судови.

Со издвојувањето и преземањето на уделот во постапката за престанување на НОВО ВЛТ, Државната лотарија постапи целосно законито, институционално дисциплинирано и одговорно, обезбедувајќи правно чисто затворање на друштвото и трајна заштита на интересите на државата. Истото беше реализирано во соработка и во духот на добри деловно-партнерски односи со другиот содружник, Друштвото за услуги ХТЛ ДОО – Скопје, на престанатото друштво. Постапките за останатите друштва се во напредна фаза и ќе резултираат со нивно престанување, со судски одлуки, со што ќе се елиминираат последиците од нивното незаконско основање и работење, а во согласност со одлуката за престанување на друштвата донесена од Владата, во својство на основач на Друштвото.

Исто така, ангажирани се и други истакнати стручњаци од науката и практиката за прашања од системски карактер – поимно разграничување меѓу јавен сектор и државна сопственост, како и правно уредување на внатрешната организација и систематизација на работните места во дирекцијата и повеќе од 315 подружници.

Со преземените законски, управувачки и контролни мерки и ангажирањето на еминентни експерти, Државната лотарија спречи понатамошно нерационално трошење на јавни средства и истовремено елиминира ризици од дополнителна финансиска штета, обезбедувајќи долгорочна заштита на државниот капитал и институционалниот интегритет на Друштвото.

II. Ангажирани лица со договор за дело

Во периодот на поранешното раководство, во Државната лотарија биле ангажирани околу 190 лица со договор за дело. Новото раководство, водејќи се од принципите на рационалност, законитост и функционална оправданост, го намали овој број за повеќе од половина, односно на 95 лица. Од овие 95 ангажирани лица, над 60 се ангажирани на продажни места кои ја сочинуваат примарната продажна мрежа на Друштвото, лоцирани во трговски центри и сопствени уплатни места, додека останатите извршуваат контролни и административни задачи неопходни за непречено функционирање на системот. Лицата ангажирани во секторот маркетинг, меѓу кои има и јавни и препознатливи личности, вршат маркетиншки активности поради нивното влијание на социјалните мрежи и режисерските и уметничките способности на одредени ангажирани лица, насочени кон подобрување на позицијата на Државната лотарија на пазарот на игри на среќа.

III. Неправилности во работењето на поранешното раководство на Друштвото, наведени во Извештајот на Државниот завод за ревизија

Актуелното раководство на Друштвото со допис број 02-6328/1 од 12.09.2024 година се обрати до Државниот завод за ревизија поради увидени неправилности и нерегуларности во финансиското работење на Друштвото, со барање да се изврши ревизија на работењето на Друштвото во претходниот период. По извршената ревизија во периодот од април до крајот на октомври 2025 година, во Извештајот на Државниот завод за ревизија констатирани се сериозни и системски неправилности во финансиското работење на Друштвото, и тоа во периодот на управување од страна на поранешното раководство.

Ревизорските наоди укажуваат дека значителен дел од неправилностите во финансиското и сметководственото работење се поврзани со постапувања преземени од поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, поставена од тогашното раководство на Друштвото. Во врска со овие постапувања, согласно достапните информации и известувањата и податоците со кои располага Државната лотарија, се спроведуваат предистражни дејствија од страна на надлежните органи, вклучително и Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.

 

Согласно наодите содржани во Извештајот, во периодот на поранешното раководство е утврдена злоупотреба на финансиски средства на Друштвото, и тоа непосредно од страна на поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, со што е предизвикана материјална штета во износ од најмалку 3,5 милиони евра. Овие констатации претставуваат сериозен индикатор за нарушување на принципите на законитост, финансиска дисциплина и одговорно управување со јавните средства. За текот и исходот на постапките иницирани од актуелното раководство, што се водат пред надлежните институции, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана во наредниот период.

Оттука, Државната лотарија нема намера да дозволи преку неколку подкасти, како што е INFOMAX.MK, или слични портали да се релативизираат факти кои биле предмет на официјална ревизорска проверка и институционално постапување од страна на Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.

Државната лотарија ги охрабрува и ги повикува сите критички настроени медиумски портали и подкасти, во интерес на точно, одговорно и професионално информирање на јавноста, како и во духот на автентичното истражувачко новинарство, своето внимание да го насочат кон суштинските и фактички утврдени прашања кои се однесуваат на настанатата материјална штета во повеќемилионски износ, изразена во евра, 
а предизвикана од постапувањата на поранешното раководство што е утврдено во Извештајот на Државниот завод за ревизија, а не кон пласирање на клеветнички, неосновани изјави и непроверени документи од подкасти и портали како INFOMAX.MK, за кои постојат индиции дека неоснованите изјави и непроверените документи потекнуваат од лица за кои се водат предистражни постапки пред надлежните органи, а кои се насочени кон дискредитација на актуелното, законито, транспарентно и одговорно работење на Друштвото.

На крајот, Државната лотарија јасно и недвосмислено укажува дека секој понатамошен обид за ширење дезинформации, манипулации и клеветнички наводи ќе биде третиран како сериозно нарушување на угледот на институцијата и ќе предизвика најостра, соодветна и правно заснована реакција, вклучително и преземање на сите расположливи законски средства за заштита на интегритетот и приватноста на вработените, а со тоа и на институционалниот интегритет на Друштвото.

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2% доверба

23.02.2026

Раичевиќ: Должност е секој што ќе дојде како Државен јавен обвинител да го отвори предметот за „Пулс“

23.02.2026

Падна договор по средбата во владата за законот за заштита од пушење

23.02.2026
Стразбур бара објаснување од Скопје за нарушениот  пристап на обвинетите до „бомбите на Заев“

Стразбур бара објаснување од Скопје за нарушениот пристап на обвинетите до „бомбите на Заев“

23.02.2026
Македонците во Мексико повикани веднаш да ја напуштат државата, велат од МНР

Македонците во Мексико повикани веднаш да ја напуштат државата, велат од МНР

23.02.2026
Обилни дождови во Пелагонија: Земјоделските површини сè уште под вода

Обилни дождови во Пелагонија: Земјоделските површини сè уште под вода

23.02.2026

Препорачани Вести

Акцијата за одземање нелегална марихуана продолжува и утрово

2 недели ago
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Прекин на водоснабдување во Батинци и Љубош

20 часа ago

Популарни Вести

  • Џефри Гил ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во зимско пливање во Финска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец нападнал полицајци – ќе одговара за две кривични дела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2% доверба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раичевиќ: Должност е секој што ќе дојде како Државен јавен обвинител да го отвори предметот за „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Основниот кривичен суд Скопје ја откри причината за куќниот притвор на Груби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.