среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

by Redakcija
11.04.2026
in Македонија
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, порача дека градежната динамика на автопатските делници што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“ не само што не забавува, туку напротив, значително се засилува, со истовремено зголемување на бројот на ангажирани работници.

Според него, активностите на терен бележат јасен и мерлив раст, а споредбените податоци покажуваат дека работите се изведуваат со значително поголем интензитет од претходно. Како што наведе, во декември 2024 година биле реализирани градежни активности во вредност од 10,7 милиони евра, додека една година подоцна таа сума достигнала 19,1 милион евра, разлика што, како што рече, јасно ја отсликува засилената динамика на проектите.

Трендот на зголемена активност, според него, продолжува и во следните месеци: јануари 2025 година носи реализација од 9,7 милиони евра, наспроти 12,2 милиони евра во јануари 2026 година, додека февруари од 8,5 милиони евра лани се зголемува на 13 милиони евра годинава.

Николоски посочи дека ваквите показатели се поткрепени и со официјалната статистика, според која градежниот сектор бележи двоцифрен раст во последните квартали – 21 отсто во третиот и 16,7 проценти во четвртиот квартал од минатата година.

Тој додаде и дека Министерството за транспорт моментално бележи реализација на капиталните инвестиции од над 70 проценти, што го оцени како историски висок резултат. Очекувањата се, како што истакна, со претстојниот ребаланс на буџетот да се обезбедат дополнителни средства, кои би овозможиле продолжување на засилениот инвестициски циклус.

„Овие средства се трошат со висока динамика, што е позитивен сигнал за економијата и за развојот на државата“, порача Николоски, оценувајќи дека се работи за досега една од најуспешните фази во реализацијата на инфраструктурните проекти.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

11.11.2026

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

11.11.2026

Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

11.11.2026

Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

11.11.2026

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

11.11.2026

ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

САД подготвуваат „финален удар“ врз Иран? Разгледуваат бомбардирања и копнена операција по неуспешните преговори

8 месеци ago

Ји Хе стана првата извршна директорка од крипто-индустријата која се најде на листата на Fortune за најмоќни жени во бизнисот

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Тоневски: Продолжува изградбата на канализацијата во населбата Драч во општина Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.