вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Влажни коловози и забрани за камиони на планинските превои – апел за внимателно возење

by Redakcija
21.01.2026
in Македонија
zima

Патната мрежа низ државата утринава се соочува со отежнати услови за сообраќај поради влажни коловози, а на дел од планинските превои е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија.

Камионскиот сообраќај е целосно стопиран на превоите Плетвар, Ѓавато, Пресека и на правецот Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан. Во останатиот дел од државата, надвор од урбаните средини, сообраќајот се одвива со умерен интензитет, без поголеми застои на граничните премини од македонска страна.

Од АМСМ потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата останува на сила до 15 март 2026 година, независно од тоа дали моментално има снег или мраз на коловозите.

Надлежните служби упатуваат апел до возачите за зголемена претпазливост, особено на патиштата што минуваат низ клисури, речни долини и котлини, каде што постои зголемен ризик од одрони. Како критични се издвојуваат делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Во меѓувреме, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица и понатаму останува затворен за сите видови возила и нема да биде пуштен во сообраќај пред 31 март 2026 година.

Дополнително, на повеќе локации низ земјава е воведен времен изменет режим на сообраќај поради градежни зафати. Промени има на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, на скопската обиколница кај Волково и Кондово, на експресниот пат Крива Паланка–Страцин, како и на други регионални и магистрални патишта. Сообраќајот таму се регулира со привремена сигнализација, знаменца или семафори.

Надлежните апелираат возачите да ја прилагодат брзината, да ги почитуваат сообраќајните знаци и навремено да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

За македонско-американските односи и стратешкото партнерство – Средба Мицкоски-Варнс:

24.11.2026

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

24.11.2026

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

24.11.2026

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

24.11.2026

Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

23.11.2026
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Како точно работат камерите за мерење брзина покрај патот

8 месеци ago

Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

1 месец ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.