среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонската е-трговија расте, но AI подготвеноста останува предизвик

by Simovski
22.01.2026
in Економија
e commerce makedonija

Македонските интернет-корисници сè повеќе ја прифаќаат онлајн трговијата. Според најновиот Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025, кој го изготви Асоцијацијата за е-трговија во Македонија (АЕТМ), 63,2% од населението купувало онлајн во 2024 година. Овој процент ја става Македонија меѓу лидерите на регионалниот пазар, но сè уште е под европскиот просек, што покажува огромен потенцијал за раст.

Сепак, извештајот предупредува: самиот раст на бројот на онлајн купувачи не е доволен за одржлив развој. Следната фаза, велат експертите, е „интелигентна“ е-трговија – онаа која го користи целосниот потенцијал на вештачката интелигенција (AI). Од персонализирани понуди и паметен дигитален маркетинг, до оптимизација на логистика и управување со ризици, AI станува клучен двигател за конкурентност на глобалниот пазар.

За да се измери подготвеноста на Македонија за оваа трансформација, во извештајот е применет AI Preparedness Index (AIPI), индекс развиен од Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година. AIPI ги рангира земјите преку четири столба: дигитална инфраструктура, иновации и економска интеграција, човечки капитал и политики на пазарот на труд, како и регулатива и етика.

Македонија добива резултат од 0,48, што е под просекот на ЕУ и меѓу најниските во регионот – подобар резултат има само Босна и Херцеговина. За споредба, европските лидери како Данска, Холандија и Естонија имаат AIPI над 0,76. „Нашиот бизнис-екосистем сè уште нема капацитет целосно да ја искористи AI во е-трговијата“, вели Нина Ангеловска Станков, претседателка на АЕТМ. „Следната фаза мора да се фокусира на квалитет, доверба и одржлив развој, не само на квантитет.“

Главните пречки се поврзани со дигиталната инфраструктура и иновативниот капацитет, како и со интеграцијата на земјата во глобалната дигитална економија. Сепак, постојат позитивни сигнали кога станува збор за човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд. Според Ангеловска Станков, задачата на асоцијацијата е да ги подготви е-трговците, институциите и потрошувачите за трансформацијата која веќе е во тек.

Овој извештај е седмото издание од регионалната серија на прегледи, а по втор пат е објавен и на англиски јазик, со проширен фокус на цел Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

Идниот раст на е-трговијата во Македонија, заклучува извештајот, зависи од тоа колку локалните е-трговци ќе ја прифатат технологијата и ќе ја применат вештачката интелигенција за да ја зајакнат конкурентноста, да обезбедат одржлив развој и да ги заштитат потрошувачите.

Повеќе детали и пристап до извештајот може да се најдат на: https://ecommerce.mk/analizi-i-izveshtai/

Related Posts

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“ за диверзификација на снабдувањето и влез на американски компании на македонскиот пазар

07.04.2026

Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија

07.04.2026

Вкупен промет од 19,72 милиони денари, раст кај НЛБ, Стопанска банка и Македонски Телеком – ОМБ непроменет

07.04.2026
Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи

Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи

07.04.2026

Аналитичарите на JPMorgan предупредуваат: Цените на бензинот во САД би можеле да се кренат на 5 долари по галон

07.04.2026
МАЕ: Светот се соочува со најголем енергетски шок во историјата

МАЕ: Светот се соочува со најголем енергетски шок во историјата

07.04.2026

Препорачани Вести

Неуспехот на Украинците кај Покровск предизвика бура: „Ова е злосторство кон бранителите“

Неуспехот на Украинците кај Покровск предизвика бура: „Ова е злосторство кон бранителите“

5 дена ago
По блокадата на нафтоводот од Украина, Унгарија и Словачка бараат помош од Хрватска

По блокадата на нафтоводот од Украина, Унгарија и Словачка бараат помош од Хрватска

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Трамп прифати примирје и ги одложи нападите – Иран тврди дека САД прифатиле план од 10 точки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ОД КАНАДА: Тео Мартиноски тропа на вратата на репрезентацијата – Европа веќе го следи!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп апелира: Покуќнината не смее да го попречува движењето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светот на работ: Русија и Кина ја блокираа акцијата на ОН за Хормуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Иранцире со жив штит ги чуваат цивилните мостови од авионите на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.