Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Путин за Гренланд: „Русија не е засегната, тоа е помеѓу САД и Данска“

by Simovski
22.01.2026
in Свет
putin

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за ситуацијата околу Гренланд, нагласувајќи дека Русија не е засегната од актуелните случувања. „Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега“, рече тој за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.

Според Путин, решението ќе го најдат САД и Данска: „Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе.“ Рускиот лидер додава дека Данска историски се однесувала кон Гренланд како кон колонија – строго, па дури и сурово – но според него, тоа веќе е минато и малку кој го интересира сега.

Во својот осврт, Путин дури го пресмета и „ценовникот“ за можна купопродажба на Гренланд. Според него, ако се спореди со историската продажба на Алјаска во 19 век, земјата би чинела помеѓу 200 милиони и една милијарда долари. „Површината на Гренланд е малку поголема од Алјаска, околу 2,166 милиони квадратни километри. Според тоа, цената би се движела околу 200-250 милиони долари, а со денешните цени на златото можеби и околу милијарда, што САД можат да си го дозволат“, изјави рускиот лидер.

Освен тоа, Путин се осврна и на мировниот процес во Појасот Газа, потенцирајќи ја потребата од одржливо решение за палестинско-израелскиот конфликт. „Најважно е процесот да има позитивен ефект врз долгорочното решавање на конфликтот врз основа на соодветните одлуки на ОН. Неопходно е да се земат предвид неотуѓивите потреби и желби на Палестинците“, нагласи тој.

Next Post
САД официјално го напуштаат СЗО

САД официјално го напуштаат СЗО

Божиновска за Фактор: Енергетска сувереност: Македонија повеќе не чека – таа гради

Препорачани Вести

Шекеринска: Русија е главна закана за евроатлантската безбедност, НАТО мора да биде подготвен

6 months ago
Работите се менуваат? На повидок љубов помеѓу Москва и Вашингтон: “Отсега ќе разговараме на поинаков начин”

Работите се менуваат? На повидок љубов помеѓу Москва и Вашингтон: “Отсега ќе разговараме на поинаков начин”

11 months ago

Популарни Вести

  • struja

    Од броилото до телефонот: РКЕ го носи дигиталното следење на потрошувачката до граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медитеранската бура Хари предизвика хаос: Сицилија и Малта поплавени, урагански ветрови и драматична евакуација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со закани барал пари од поранешниот партнер на ќерката – Полицијата реагирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Очилата на Макрон предизвикаа хаос во светот на луксузот: Серверот на брендот се сруши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп го формираше Одборот за мир: Еве кои земји се вклучени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.