понеделник, јуни 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Путин за Гренланд: „Русија не е засегната, тоа е помеѓу САД и Данска“

by Redakcija
22.01.2026
in Свет
putin

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за ситуацијата околу Гренланд, нагласувајќи дека Русија не е засегната од актуелните случувања. „Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега“, рече тој за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.

Според Путин, решението ќе го најдат САД и Данска: „Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе.“ Рускиот лидер додава дека Данска историски се однесувала кон Гренланд како кон колонија – строго, па дури и сурово – но според него, тоа веќе е минато и малку кој го интересира сега.

Во својот осврт, Путин дури го пресмета и „ценовникот“ за можна купопродажба на Гренланд. Според него, ако се спореди со историската продажба на Алјаска во 19 век, земјата би чинела помеѓу 200 милиони и една милијарда долари. „Површината на Гренланд е малку поголема од Алјаска, околу 2,166 милиони квадратни километри. Според тоа, цената би се движела околу 200-250 милиони долари, а со денешните цени на златото можеби и околу милијарда, што САД можат да си го дозволат“, изјави рускиот лидер.

Освен тоа, Путин се осврна и на мировниот процес во Појасот Газа, потенцирајќи ја потребата од одржливо решение за палестинско-израелскиот конфликт. „Најважно е процесот да има позитивен ефект врз долгорочното решавање на конфликтот врз основа на соодветните одлуки на ОН. Неопходно е да се земат предвид неотуѓивите потреби и желби на Палестинците“, нагласи тој.

Related Posts

Путин тврди дека Русија има целосна контрола на фронтот и ја обвини Украина за напади врз цивили

29.06.2026

По 74 часа потрага, пронајдени мртви сопругата и децата на аргентинскиот фудбалер

29.06.2026

(ФОТО/ВИДЕО) ТРИ ДЕЦА ИЗВЛЕЧЕНИ ЖИВИ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ: Продолжува драматичната битка за преживеани по разорните земјотреси во Венецуела

28.06.2026

(ВИДЕО) Зеленски со моќна порака за Денот на Уставот: „Киев стои. Украина стои – и ќе опстане“

28.06.2026

Путин повторно тврди дека „сè оди според планот“: Кремљ со старите пораки за војната и Западот

28.06.2026

(ФОТО) Трагедија во Франција: Авион за падобранци се урна кај Нанси, загинаа сите 11 лица во него

28.06.2026

Препорачани Вести

„Мерцедес“ се запалил во движење кај Тетово

6 месеци ago
За првпат Швајцарија е надмината: Хонг Конг стана водечки глобален центар за прекугранично богатство

За првпат Швајцарија е надмината: Хонг Конг стана водечки глобален центар за прекугранично богатство

1 месец ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Младите од „Слободно театарче“ ја промовираат креативноста и иднината на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Казината подалеку од нашите деца!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски пилот ангажиран во меѓународна операција за авио-асистенција во Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за финансии: Усвоен нов Закон за игри на среќа – посилна контрола, заштита на граѓаните и борба против сивата економија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Собранието усвои нов Закон за игрите на среќа: Построги правила, поголем надзор и ограничувања за рекламирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.