вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Собранието усвои нов Закон за игрите на среќа: Построги правила, поголем надзор и ограничувања за рекламирање

by Redakcija
29.06.2026
in Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат построги правила за работа на приредувачите, засилен државен надзор и нови мерки за заштита на граѓаните и спречување на злоупотребите.

Со новото законско решение се предвидува регулирање на giveaway-акциите, за кои отсега ќе биде потребна дозвола и плаќање соодветен надоместок. Исто така, приредувањето на лотариски, електронски и интернет игри на среќа ќе биде исклучиво право на државата, кое ќе се реализира преку трговско друштво во државна сопственост.

Законот воведува и критериуми за интегритет и соодветност за лицата кои управуваат со компаниите што поседуваат лиценци, со цел усогласување со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансиски злоупотреби.

Предвидени се и нови ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа. Ќе биде забрането поставување агресивни и светлечки реклами на надворешниот дел од објектите, како и реклами што создаваат впечаток дека коцкањето е начин за финансиски успех.

Посебен акцент е ставен на заштитата на младите, па деловните простории на одредени приредувачи ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

За подобра контрола, секој автомат за игри на среќа, VLT и терминал за електронски игри ќе мора да биде опремен со GPS-систем поврзан со Управата за јавни приходи, што ќе овозможи следење на нивната локација и спречување на нелегално работење.

Со законот се воведуваат и построги услови за добивање повеќе лиценци, се прошируваат можностите за нивно одземање, а се зголемуваат и казните за прекршувања.

Воедно, продолжува финансиската поддршка за ранливите категории преку средства од приредувањето игри на среќа, кои ќе бидат наменети за инвалидски организации, здруженија за борба против семејното насилство и Црвениот крст.

Според предлагачите, новиот закон треба да обезбеди поголема транспарентност, поефикасен надзор и усогласување на домашното законодавство со европските и меѓународните стандарди.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

10.11.2026

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

10.11.2026

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Прв до врв“ повторно го освојува Скопје: Утре посебен сообраќаен режим кон Водно

6 месеци ago
Колапс на „Богородица – Евзони“: Седум ленти преполни, возачи тврдат дека на границата со Грција чекаат и по четири часа

Колапс на „Богородица – Евзони“: Седум ленти преполни, возачи тврдат дека на границата со Грција чекаат и по четири часа

4 месеци ago

Популарни Вести

  • „Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Многу возачи не знаат како најлесно да се ослободат од замаглените стакла во автомобилот: Притиснете само едно копче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на класичните олуци: Јапонците смислиле необично решение за дождовницата кое станува сè попопуларно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на една ера: Audi по 32 години го прекина производството на A8, познато е кој модел ќе го замени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.