сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

По 74 часа потрага, пронајдени мртви сопругата и децата на аргентинскиот фудбалер

by Redakcija
29.06.2026
in Свет

Трагична вест пристигна од Венецуела, каде по 74 часа непрекината потрага спасувачките екипи ги пронајдоа безживотните тела на сопругата и двете деца на аргентинскиот фудбалер Лукас Трехо, кои исчезнаа по разорните земјотреси што ја погодија земјата.

Во северниот дел на Венецуела во средата беа регистрирани два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Според официјалните информации, најмалку 1.430 лица загинаа, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Веста за смртта на Јанина Маранела и нивните две деца, Арон и Аиноа, прв ја соопшти семејниот пријател и поранешен фудбалер Едсон Тортолеро, кој побара јавноста да ја почитува приватноста на семејството во овие тешки моменти.

Трагедијата ја потврди и клубот Маритимо де Ла Гуаира, за кој настапува 38-годишниот дефанзивец. Од клубот соопштија дека потрагата траела три дена и три ноќи и изразија длабоко сочувство до фудбалерот и неговите најблиски.

Дополнително, клубот објави дека во катастрофата животот го загубиле и 14-годишниот фудбалер од младинската школа Виктор Паласиос, како и членката на клупскиот персонал Адријана Арангурен.

Спасувачките тимови продолжуваат со пребарување на урнатините, додека властите предупредуваат дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми бидејќи илјадници лица сè уште се водат како исчезнати.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп бара мировен договор до јануари: Украина стравува дека ќе мора да отстапи територии на Русија

21.11.2026

Драма во Источна Европа: Илјадници војници добија итно предупредување, а потоа следуваше опасен инцидент – „Не е случајност“

21.11.2026

Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

21.11.2026
Европа се подготвува за најлошото сценарио: Русија би можела да отвори нов воен фронт

Путин покани три европски земји во Москва: Се отвора можност за нови разговори за Украина

21.11.2026
ВИДЕО | Трамп: Путин е во тешка позиција, војната што требаше да трае еден ден трае речиси пет години

ВИДЕО | Трамп: Путин е во тешка позиција, војната што требаше да трае еден ден трае речиси пет години

20.11.2026

(ВИДЕО) Трамп и неговиот препознатлив танц во Кина: „YMCA“ одекна на свечениот прием пред светските лидери

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

Извештај на Пентагон: Мините во Ормутскиот теснец би можеле да го задржуваат транспортот на нафта со месеци

7 месеци ago

Утре без струја делови од тетовско

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.