сабота, август 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Министерство за финансии: Усвоен нов Закон за игри на среќа – посилна контрола, заштита на граѓаните и борба против сивата економија

by Redakcija
29.06.2026
in Економија, Топ Вести
ministerstvo za finansii

 јуни 2026, Скопје –  Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи.

Постојниот закон повеќе од една деценија ја регулираше оваа област, но во меѓувреме пазарот на игри на среќа значително се промени, се појавија нови форми на приредување, се прошири мрежата на деловни простории и оттука се наметна потребата од закон којшто ќе одговори на современите предизвици и ќе овозможи поефикасен надзор и контрола.

Една од новините е регулирањето на подарувањата (giveaway), за кои се воведува обврска за издавање дозвола и плаќање соодветна давачка за нивно приредување. Дополнително, со законот се уредува дека правото на приредување на лотариските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, како и електронските и интернет игрите на среќа, е право на Република Македонија, која ќе ги приредува преку трговско друштво во државна сопственост.

Законот воведува и критериуми за соодветност и интегритет („fit and proper“) за членовите на органите на управување, содружниците и соработниците на друштвата кои поседуваат лиценци за приредување игри на среќа. Овие решенија се во согласност со препораките на MONEYVAL и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризам и претставуваат значаен чекор кон зајакнување на довербата во системот.

Посебен акцент е ставен и на регулирањето на рекламирањето на игрите на среќа. За првпат јасно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами. Истовремено, се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех, решение за лични или социјални проблеми или кое директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив. Дополнително, се забранува користење називи што не одговараат на видот на играта за која е издадена лиценцата, со што се обезбедува поголема транспарентност и заштита на јавниот интерес.

И со новиот закон се продолжува со финансиската поддршка на ранливите категории, односно средства во износ од 60 до 120 милиони денари кои се остварени по сите основи од приредувањето на игри на среќа и забавни игри ќе продолжат да се користат за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија на граѓани за борба против семејното насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.

Во насока на поефикасна контрола, законот воведува задолжително поставување GPS-систем за позиционирање на секој автомат за игри на среќа, VLT и терминал за електронски игри, поврзан со Управата за јавни приходи. Со ова ќе се обезбедат точни информации за локацијата на секој автомат и ќе се спречи нивно поставување кај нелиценцирани приредувачи, што значително ќе ја подобри ефикасноста на инспекцискиот надзор.

Во делот на отворањето деловни простории се воведуваат нови правила со кои се ограничува можноста едно друштво со ист износ на основна главнина да добие повеќе лиценци. За секоја дополнителна лиценца ќе биде потребен соодветен кумулативен износ на основна главнина, со што се обезбедува поголема финансиска одговорност и пофер пазарни услови.

Со новото законско решение првпат се воведува критериум за оддалеченост на деловните простории за определени приредувачи на игри на среќа од најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

Во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци, со што се овозможува поефикасно санкционирање на незаконското работење.

Со усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри се воспоставува современ систем кој обезбедува повисоко ниво на правна сигурност, поголема транспарентност, поефикасен надзор и подобра заштита на јавниот интерес. Очекуваните ефекти се намалување на нелегалното приредување игри на среќа, поефикасно спречување на финансиските злоупотреби, подобра заштита на малолетниците и усогласување на националното законодавство со европските и меѓународните стандарди.

…

Related Posts

Германија сè потешко наоѓа квалификувани работници: Најголем недостиг има во овие сектори

Германија сè потешко наоѓа квалификувани работници: Најголем недостиг има во овие сектори

21.08.2026

Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,15 отсто, најтргувани акциите на Гранит

21.08.2026
Agria

Агриа за првпат извезе свинско месо од Македонија во Албанија

21.08.2026

Проданоски: Прилеп е во сериозен инвестициски циклус, над 12 милиони евра за проекти во градот

21.08.2026

СТЕНТОН ГРАДБА започна нов проект за изградба на магацин за фабриката СЕКЕ во Крушево

21.08.2026

Љатифи со американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Во фокус е енергетското поврзување со Албанија

21.08.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО – Голем шумски пожар кај Сармазалино: чад ја намали видливоста на експресниот пат Велес – Свети Николе

2 месеци ago
Интензивно уредување на зелените површини во Ново Лисиче

Интензивно уредување на зелените површини во Ново Лисиче

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Најстарата личност во светот наполни 117 години – преживеала две светски војни и ковид, а сè уште доживува „први моменти“

    Најстарата личност во светот наполни 117 години – преживеала две светски војни и ковид, а сè уште доживува „први моменти“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.