Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп ја ублажува реториката: Договор за Гренланд наместо царини кон Европа

by Simovski
22.01.2026
in Свет
trump fon der lajen

Ескалацијата што со недели ја држеше Европа во неизвесност – одеднаш застана. Доналд Трамп, познат по острите закани и непредвидливи потези, направи нагол пресврт: се повлече од идејата за царини кон Европа како притисок за Гренланд, ја исклучи употребата на сила и најави рамка за договор што, според него, може трајно да го затвори едно од најчувствителните прашања во трансатлантските односи.

Од Давос, каде што учествуваше на Светскиот економски форум, американскиот претседател испрати порака на смирување. По средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп зборуваше за „долгорочен и конечен договор“ кој би ги обезбедил клучните интереси на САД – од безбедноста на Арктикот, преку ракетниот штит „Златна купола“, до пристапот до стратешките минерали на Гренланд. Истовремено, договорот, според него, би служел како брана против зголеменото влијание на Русија и Кина во регионот.

„Ова е решение со кое сите добиваат“, изјави Трамп пред новинарите, уверувајќи дека станува збор за аранжман што ќе обезбеди стабилност „засекогаш“.

Зад кулисите, се отвора можност за сериозна ревизија на договорот од 1951 година, кој ја регулира американската воена присутност на Гренланд. Во рамки на НАТО веќе се разгледуваат сценарија за проширување на американската инфраструктура на островот, вклучително и изградба на нови бази. Во исто време, Трамп јасно стави до знаење дека трговските закани се тргнати од маса – потег што доаѓа откако Европската унија претходно го замрзна трговскиот договор со САД како одговор на американскиот притисок.

Копенхаген реагираше со олеснување. Данската влада ја поздрави деескалацијата, оценувајќи дека кризата завршува „подобро отколку што започна“. Но, оптимизмот е внимателен. Министерот за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, порача дека иако паузата на трговската војна и отфрлањето на воена интервенција се позитивен сигнал, прашањата за безбедноста на Арктикот мора да се решаваат со јасно почитување на данските „црвени линии“.

Од Белата куќа, пак, нагласуваат дека преговорите допрва следуваат и дека деталите ќе се усогласуваат со сите засегнати страни. Но пораката е јасна: Вашингтон сака да ги зацврсти своите позиции на Гренланд – тивко, долгорочно и со, како што велат, „минимален трошок“.

Next Post
germanija

Над 160.000 Македонци живеат во Германија: Странците сочинуваат 16,8% од населението

bekim sali

Беким Сали ја претставуваше Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Препорачани Вести

Сите состојки ги имаме дома: Докторите тврдат дека овој пијалок го намалува ризикот од рак

Сите состојки ги имаме дома: Докторите тврдат дека овој пијалок го намалува ризикот од рак

8 months ago
Премиерот Мицкоски со одлични вести за противпожарната заштита: Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари!

Премиерот Мицкоски со одлични вести за противпожарната заштита: Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари!

7 months ago

Популарни Вести

  • Пред адвокатска канцеларија извадил пушка и се заканувал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Фактор: Енергетска сувереност: Македонија повеќе не чека – таа гради

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автобусите на ЈСП на приградските линии не стигнуваат до крајните дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД официјално го напуштаат СЗО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин за Гренланд: „Русија не е засегната, тоа е помеѓу САД и Данска“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.