сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонските и регионалните превозници најавуваат блокада на граничните премини со земјите од ЕУ

by Redakcija
23.01.2026
in Македонија
kamioni

Македонските превозници, заедно со колегите од Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, се подготвуваат за седумдневна блокада на граничните премини кон шенген-зоната. Причината е новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија и стравувањата дека професионалните возачи ќе бидат ограничени од правилото 90/180 дена за престој во шенген-земјите.

Во Македонија, блокадата ќе го опфати деветте клучни премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, додека преминот Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам-транс“, истакна дека превозниците се свесни за економските последици, но нагласи дека решението на нивните барања ќе донесе значителни придобивки за растот и развојот на економијата во целиот регион.

„Доколку до понеделник не добиеме каква било реакција од Европската комисија, блокадата ќе започне точно во 12 часот за возилата што излегуваат од државата, а премините ќе се затворат на полноќ за оние што влегуваат дома. Целта е сите возачи да се приклучат на протестот“, појасни Муратовска.

Главното барање на здруженијата на превозници е да се најде решение за престојот во шенген-зоната – или да се укинат ограничувањата на деновите, или да се воведат посебни визи кои не се лимитирани. Според неа, новите правила може да предизвикаат целосен колапс на транспортната индустрија, што би одекнало низ целиот Западен Балкан и Турција, преку прекин на синџирите на снабдување.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја поддржа иницијативата на превозниците, истакнувајќи дека проблемот е сериозен и може да ја загрози извозно ориентираната македонска економија. „Ако компаниите не можат да извезуваат, економската активност ќе запре, а домашните производи ќе станат неконкурентни на европскиот пазар поради поскапувањето на превозот од три до пет проценти“, предупреди Николоски.

Од друга страна, портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, потенцираше дека ЕЕС не воведува нови правила за краткиот престој во шенген-зоната. Според него, системот служи за подобро спроведување на веќе постоечките правила и за откривање на неправилности.

„Државјаните на трети земји без виза можат да останат во шенген-зоната до 90 дена во период од 180 дена. Сè над тоа бара виза за долг престој или дозвола од земја-членка. ЕЕС не менува ништо во ова“, објасни Ламерт. Тој додаде дека правилата веќе овозможуваат одредена флексибилност, особено за возачите кои често ја преминуваат границата на ист премин.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

31.10.2026

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

31.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македон меѓу најдобрите млади таленти во светот

4 месеци ago

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово и Челопек, но си заминале!

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.