Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Рено ќе произведува воени дронови за француското министерство за одбрана

by Simovski
23.01.2026
in Технологија
kola

Француската автомобилска и одбранбена индустрија сè појасно се преплетуваат, додека Париз се подготвува за нова ера на безбедносни предизвици. „Рено“, симбол на француското автомобилско производство и бренд препознатлив по модели како „Клио“ и „Сеник“, влегува во проект за развој на воени дронови, со што директно ќе придонесе за јакнење на одбранбените капацитети на земјата.

Проектот, кој се реализира под покровителство на француското Министерство за одбрана, ќе се спроведува во партнерство со производителот на аеронаутичка и одбранбена опрема „Тургис Гајар“. Потегот доаѓа во момент на зголемени геополитички тензии, кога Европа бара посамостоен одговор на безбедносните закани и на притисоците од САД, вклучително и чувствителните прашања поврзани со Гренланд.

„Министерството нè контактираше уште пред неколку месеци, токму поради нашето искуство во индустриското производство и инженерството“, изјави за БФМ ТВ Фабрис Камболив, директор за развој во „Рено“. Според него, силата на компанијата лежи во способноста да развива сложени производи во големи серии, со строга контрола на квалитетот, трошоците и роковите.

Иако францускиот магазин Нувел Узин објави дека дроновите би се произведувале во фабриките на „Рено“ во Клеон и Ле Ман, компанијата засега не ги потврдува овие информации. Од „Рено“ велат дека одлуката за локациите сè уште не е донесена и дека претходно мора да се одржат консултации со работничките синдикати. Камболив, пак, настојува да смири евентуални дилеми: автомобилската индустрија, вели тој, и понатаму останува јадрото на деловната стратегија на компанијата.

Националниот контекст, сепак, јасно укажува зошто ваквите партнерства стануваат нужност. Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела побара значително зголемување на воените трошоци, со цел Франција да одговори на „растечките глобални закани“. Планот предвидува дополнителни 36 милијарди евра за одбраната и проширување на капацитетите на армијата до 2030 година, иако државниот буџет сè уште е под знак прашалник.

Според весникот Ла Трибун, „Рено“ и „Тургис Гајар“ би можеле да развиваат тактички дрон со распон на крилја од околу 10 метри, по цена која би била конкурентна на меѓународниот пазар. Производството, наводно, би достигнало и до 600 дронови месечно по првата година од проектот – информација што „Рено“ засега одбива официјално да ја коментира.

Француската држава, која поседува околу 15 проценти од акциите на „Рено“, и натаму има значително влијание врз стратегиските одлуки на компанијата. Иако тоа влијание е далеку помало од периодот по Втората светска војна – кога „Рено“ беше целосно државна – врската меѓу државата и индустрискиот гигант останува силна уште од приватизацијата во 1990-тите.

„Рено“ не е единствениот автомобилски актер кој се вклучува во одбранбените напори. Во последните месеци, целата француска и европска автоиндустрија е повикана да помогне во развојот и масовното производство на воена опрема. Добавувачот „Валео“ веќе е дел од „пактот за одбранбени дронови“, заедно со стотина компании, додека „Фондери де Бретањ“ – специјализирана за автомобилски компоненти – се подготвува да започне со производство на чаури за муниција.

Next Post
aleksandar nikoloski

Европа игнорира: Извозот на балканските превозници се соочува со огромни загуби

ВЛЕН: Законот за „Безбеден град“ треба да се гледа надвор од партиските интереси

Препорачани Вести

Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

4 hours ago

МАН: Режимот на СДСМ сеуште повикува на инквизиција – Јавното обвинителство да превземе мерки кон функционерот Костадин Костадинов

7 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.