Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.