сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

МВР денес со зголемено присуство во Тетово и Куманово – ќе се тестираат камерите од „Безбеден град“

by admin
25.01.2026
in Република

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените камери од проектот „Безбеден град“ во подрачјето на градовите Куманово и Тетово, како дел од подготвителните активности пред официјалното пуштање во употреба на системот.


Според известувањето од МВР, активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација со поставени камери постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае околу 15 до 30 минути. За време на тестирањето на конкретните локации, сообраќајот ќе биде привремено запрен, а по завршувањето на проверката ќе продолжи нормално да се одвива.


Оваа фаза е дел од пилотниот период на системот „Безбеден град“, кој веќе беше во пробна фаза во Скопје и се очекува да почне со наплата на казни од 1 февруари 2026 година откако ќе завршат тестирањата и усогласувањата.


Целта на проектот е да се подобри безбедноста во сообраќајот преку автоматско детектирање на прекршоци како пречекорување на брзината, минување на црвено светло и други повреди на правилата, а сопствениците на регистрирани возила ќе добиваат известувања за прекршоците.


МВР ги повикува граѓаните и возачите да покажат разбирање и соработка за непречено спроведување на овие активности, како и да ги почитуваат привремените ограничувања на сообраќајот за време на тестирањето.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Прилеп: Сè е подготвено за прославата на Свети Никола – традиционални посни сарми, богата програма и познати музички имиња

27.11.2026

Од Саат Маало до Пршовце: Распоред на прекините на струја за 27 ноември

26.11.2026

Проданоски: Стопанствениците ги изнесоа своите приоритети за Буџетот на Прилеп за 2027 година

26.11.2026

Коњановски: Битола формираше Совет за јавно здравје за да ги координира превентивните активности

25.11.2026

Од 9 до 14 часот без струја: Кои локации во Тетовско се опфатени?

25.11.2026

Општина Битола: Отворен јавниот повик за „Зимска приказна“ за дочекот на 2027 година

25.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Микрософт Скопје остана со еден вработен и влезе во загуба од 186 илјади евра

6 месеци ago

Тоневски: Најмладите се иднината на Пробиштип, нивните идеи заслужуваат да бидат слушнати

2 недели ago

Популарни Вести

  • Земале плати, а не оделе на работа: Кривична пријава против поранешен раководител

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно откритие кај Куманово: Археолозите пронајдоа траги од древни ритуали стари над 2.300 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во казино во Скопје: Украдени речиси 790.000 денари, полицијата при претрес пронашла 300.000 денари и фантомки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.