вторник, февруари 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп ги нападна демократите за ставање на мигрантите над Американците по убиството во Минесаполис

by Simovski
26.01.2026
in Свет
Трамп ги нападна демократите за ставање на мигрантите над Американците по убиството во Минесаполис

Минесаполис се соочи со уште еден бран на немир по смртта на 37-годишниот Алекс Прети, техничар на интензивна нега, кој беше застрелан од агент на Американската имиграциска и царинска служба (ICE) во саботата. Овој инцидент се случи само две недели откако друг агент на ICE го уби и претходниот демонстрант на протести против имиграциската политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Градоначалникот на Минесаполис, Џејкоб Фреј, веднаш испрати формално барање до гувернерот на Минесота, Тим Волц, за мобилизирање на Националната гарда. Волц го одобри барањето, со цел членовите на гардата да ја поддржат локалната полиција, која беше преоптоварена со постапките на федералните агенти на ICE. Членовите на гарда ќе помогнат во обезбедувањето на местото на пукањето, регулирањето на сообраќајот и поднесувањето извештаи до локалните власти.

Во меѓувреме, поради инцидентот, Трамп ги нападна демократските лидери на Минесота, обвинувајќи ги дека ги ставаат „криминалните нелегални имигранти пред американските граѓани“ во серија објави на социјалната мрежа Truth Social. Тој ја истакна разликата меѓу градовите и државите управувани од републиканци, кои, според него, функционирале „мирно и непречено“, и оние под демократска управа, кои наводно ги охрабрувале „левичарските агитаторски групи“. Коментарите на Трамп дојдоа во време на интензивни јавни судири со демократските лидери околу справувањето со смртните пукања поврзани со имиграцијата, што дополнително ја продлабочи националната политичка тензија.

Сведоштва на две лица кои биле на лице место ги доведоа во прашање официјалните тврдења на администрацијата. Жената која го снимила инцидентот, детски забавувач специјализиран за сликање лица, рече дека Алекс Прети никогаш не мавтал со оружје. Според нејзиното сведочење, Прети се обидел да помогне на друга жена која била турната на земја од страна на агентите. Додаде дека еден агент испрскал хемиски агенс во лицето на Прети и жената, по што повеќе агенти го собориле Прети на земја и го застрелале, без да се обиде да ја спречи ситуацијата мирно.

„Го соборија на земја. Не го видов како ги допира – не беше свртен кон нив, не се обидуваше да се спротивстави, само помагаше. Го застрелаа четири или пет пати. Не знам зошто,“ рече сведокот.

Втор сведок, локален доктор, кој гледал од својот прозорец, потврди дека Прети не се заканувал со оружје. Иако се обидел да му пружи медицинска помош, агентите на ICE првично му го забраниле пристапот. „Ниту еден од агентите не вршеше CPR, и јас можев да кажам дека жртвата е во критична состојба,“ изјави тој. Докторот го опиша бројот на прострелни рани и неможноста да се почувствува пулс, нагласувајќи ја сериозноста на нападот.

Видео снимките и изјавите на сведоците се директно спротивставуваат на официјалната верзија на федералните службеници, кои тврдeа дека Прети бил вооружен и заканувачки настроен кон агентите. Ова отвора сериозни прашања за употребата на сила од страна на ICE и ја интензивира дебатата за имиграциските операции на федерално ниво во градовите управувани од демократите.

Related Posts

Тензии на Блискиот Исток: Израел во готовност по најави за можен американски удар врз Иран

23.02.2026
Кој е Немесио Рубен Осегера Серванте?: Патот од полицаец до најбрутален лидер на картел

Кој е Немесио Рубен Осегера Серванте?: Патот од полицаец до најбрутален лидер на картел

23.02.2026
Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

23.02.2026
Исланд на чекор до ЕУ: Парламентот во Рејкјавик најавува референдум

Исланд на чекор до ЕУ: Парламентот во Рејкјавик најавува референдум

23.02.2026
Гутереш: Човековите права се универзални

Гутереш: Човековите права се универзални

23.02.2026
Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија поради блокадата на Унгарија и Словачка

23.02.2026

Препорачани Вести

38-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА СТРУМИЦА ПРИЗНАЛ ДЕКА „ЌАРИЛ“ ПОВЕЌЕ ОД 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ – ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО „ЛЕКАР“

2 недели ago

Мелони: Воена акција надвор од границите не е решение, но дефанзивна интервенција е легитимна

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Џефри Гил ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во зимско пливање во Финска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец нападнал полицајци – ќе одговара за две кривични дела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2% доверба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раичевиќ: Должност е секој што ќе дојде како Државен јавен обвинител да го отвори предметот за „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Основниот кривичен суд Скопје ја откри причината за куќниот притвор на Груби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.