сабота, февруари 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Андоновски најави до 60 нови е-услуги до крајот на годината

by Redakcija
27.01.2026
in Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека до крајот на годината граѓаните и компаниите ќе добијат меѓу 20 и 30 нови електронски услуги, а дополнително уште околу 30 услуги преку проект поддржан од Европската Унија, односно ИПА Компонента три. Ова го истакна во интервју за ТВ Алфа, зборувајќи за напредокот и идните планови во дигитализацијата.

Андоновски посочи дека значаен дел од новите услуги ќе се однесуваат на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, институција која, како што рече, е директно поврзана со секојдневните потреби на граѓаните – од боледувања до промени во осигурувањето. Покрај тоа, најави и околу 15 електронски услуги од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои главно ќе бидат поврзани со лиценци и потврди за компании.

Министерот нагласи дека покрај буџетските и веќе планирани услуги, дополнителните околу 30 е-услуги ќе бидат развиени преку ИПА проект кој треба да започне оваа пролет. Според него, ова ќе овозможи годината да заврши со значително зголемен број дигитални услуги.

Андоновски изнесе и податоци за силен раст во користењето на електронските услуги. Во 2024 година месечниот просек изнесувал околу 3.450 услуги, додека во 2025 година тој број пораснал на 13.450, што претставува раст од 74 проценти. Бројот на корисници, пак, е зголемен за 62 отсто во однос на претходната година.

Тој истакна дека Националниот портал за е-услуги е сè попрепознатлив и прифатен од граѓаните, а во моментов се работи на негова хардверска и софтверска надградба за да биде побрз, побезбеден и полесен за користење.

Министерот нагласи дека дигитализацијата не значи укинување на хартиените документи. Граѓаните и понатаму ќе можат да извадат изводи и потврди на шалтер, доколку не сакаат или не можат да користат дигитални алатки. Дополнително, помош за користење на е-услугите е достапна и во 14-те центри за услуги на Министерството.

Минатата недела беа воведени четири нови електронски услуги поврзани со здравственото осигурување, а услугите од Управата за водење на матичните книги се целосно мигрирани на Националниот портал и целосно дигитализирани.

Андоновски информираше дека во моментов над 300 илјади граѓани користат Систем за единствена најава, а повеќе од 240 илјади се регистрирани корисници на Националниот портал за е-услуги, оценувајќи дека токму ваквиот пристап овозможува дигитализацијата да се прифати без отпор и со реални придобивки за граѓаните.

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега

21.02.2026

Мицкоски: Македонија заслужува место во Европа

21.02.2026
Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

21.02.2026

Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

21.02.2026

АХВ уништи над еден тон небезбедна „здрава храна“, казни во висина од над 20 илјади евра

21.02.2026

Хоџа во Сарај: Почна изградба на водовод и канализација вредна 85 милиони денари

20.02.2026

Препорачани Вести

Полициска интервенција во Тетово: Маж агресивен кон службени лица

4 недели ago

Попова Шапка под снег: Задолжителни ланци за возилата

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Германија и Италија со резерва на „Made in Europe“ визијата на Макрон

    Макрон за американските царини: Европа ќе реагира внимателно и ќе бара фер правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Мастер планот на Чаир се реализира на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скали преполни: Прилепската публика го гледа фудбалот и надвор од стадионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фицо ја закочи Украина: Словачка може да го прекине снабдувањето со струја ако не се обнови транзитот на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Sony размислува за подолг животен век на PS5 пред лансирањето на PS6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.