вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Спречен терористички напад врз странска амбасада во Баку

by Simovski
27.01.2026
in Свет
Спречен терористички напад врз странска амбасада во Баку

Азербејџанските безбедносни служби тврдат дека спречиле терористички напад во срцето на Баку, откако уапсиле тројца осомничени поврзани со Исламска држава–Хорасан (ИСИС-К), авганистанскиот огранок на екстремистичката мрежа.

Како што соопшти Службата за државна безбедност (СДБ), акцијата била изведена во момент кога осомничените се движеле кон објект на странска дипломатска мисија, чиј идентитет не е објавен. Со нивното приведување, според властите, бил осуетен „планиран терористички чин“.

Меѓу уапсените се азербејџанските државјани Илгар Гулиев (роден 2000 година), познат под псевдонимот „Абу Зар ал-Мухаџир“, како и Амин Пириев (роден 2005 година), кој користел алијас „Абдурашид“, и Елвин Ализаде (роден 2005 година), за кого се наведуваат псевдонимите „Абдурахид“ и „Абдурахман ал-Азари“. Според СДБ, тие воспоставиле контакти со членови на ИСИС-К и набавиле оружје и други средства, мотивирани од верска омраза.

Осомничените се соочуваат со обвинение за подготовка на тероризам во група, предвидено во Кривичниот законик на Република Азербејџан. Судот веќе им одредил мерка притвор.

ИСИС-К е организација која во изминатите години се наметна како една од најопасните единици на Исламска држава. Таа ја презеде одговорноста и за крвавиот напад врз концертната сала „Крокус“ во Москва во 2024 година, кога беа убиени најмалку 145 лица — настан што повторно го сврте вниманието кон заканата од меѓународниот џихадистички тероризам.

Related Posts

ВИДЕО: Нападнат клучниот ирански остров!

07.04.2026

Трамп се закани дека „целиот“ Иран вечерва би можела да биде уништена

07.04.2026
Падна уште еден американски авион во Иран

Падна уште еден американски авион во Иран

07.04.2026

Русија упати закани кон балтичките земји: „Ако имаат разум, ќе послушаат“

07.04.2026

18% од бензинските пумпи во Франција утрово без гориво

07.04.2026
Ученик избоде наставничка во руско училиште, жртвата почина

Ученик избоде наставничка во руско училиште, жртвата почина

07.04.2026

Препорачани Вести

Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

3 месеци ago
avtobus

Автобусите на ЈСП на приградските линии не стигнуваат до крајните дестинации

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Млада битолчанка починала во гостиварската болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж од Тетово измамен за 2.230 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Нападнат клучниот ирански остров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани дека „целиот“ Иран вечерва би можела да биде уништена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата по Велигден со нов пакет мерки: Пониско ДДВ и контрола на маржите за основни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.