петок, мај 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски на средба со хрватскиот вицепремиер Бутковиќ околу проблемот со превозниците

by Simovski
28.01.2026
in Македонија
nikoloski butkovic

Утрово во Загреб, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, утрово оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата, која ја потврди високата динамика и пријателскиот карактер на билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска, главна тема беше решавањето на предизвиците во транспортниот сектор.

Николоски истакна дека новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната создава значителни пречки за македонските и регионалните превозници. Тој нагласи дека проблемот не се однесува само на Западен Балкан, туку го засега и европскиот бизнис кој инвестирал во регионот и е извозно ориентиран кон пазарите на ЕУ. Во тој контекст, заменик-претседателот побара цврста поддршка од Хрватска за изнаоѓање на соодветно решение на ниво на Европската унија, кое ќе ја олесни работата на транспортните компании.

Покрај транспортните предизвици, двајцата лидери разговараа и за продлабочување на соработката во железничкиот сектор. Особено беше потенцирана можноста за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк на МЖ Транспорт.

Средбата ги отвори и прашањата за економската и трговската соработка. Двајцата вицепремиери посочија на можностите за учество на хрватски компании во инфраструктурни проекти во Македонија и го нагласија значењето на интензивирање на економските врски.

Во текот на денот, Николоски ќе ја продолжи работната посета со средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, претставници на бизнис секторот и членови на хрватското Собрание, со цел дополнително да се зајакнат економските и политичките врски меѓу двете земји.

Related Posts

Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

15.05.2026
Мицкоски: Во Кичево започна нов развоен циклус, ветените проекти се реализираат

Мицкоски: Во Кичево започна нов развоен циклус, ветените проекти се реализираат

15.05.2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

15.05.2026

Коцевска: Во „Пулс“ немало реконструкција, туку внатрешно уредување – обвинението погрешно го толкува законот

15.05.2026
РКЕ усвои нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

РКЕ усвои нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

15.05.2026

Македонија ја проширува дипломатската мрежа: Се отвора македонска амбасада во Литванија

15.05.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Слика од букет донесе смрт: Турски боксер со еден удар уби млад човек – шокантното видео сеуште ја тресе јавноста

4 недели ago

Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Приведен 17-годишник во Тетово: Кај него откриена марихуана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пријавен физички напад врз малолетник во основно училиште во Прилеп: Еден од учениците го снимал настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрошувачката кошничка во завршна фаза: Рокот за усвојување останува 30 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виноскоп продолжува во уште подинамично издание: втората вечер ја разбуди Школка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.