петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

by Redakcija
28.01.2026
in Балкан

Во автомобил во населбата Ветерник во Приштина е пронајден мртов Хекуран Хоџа, бизнисмен од Ѓаковица и поранешен кандидат за пратеник на листата на Алијансата за иднината на Косово (АИК), политичка партија предводена од Рамуш Харадинај, јавуваат косовските медиуми.

Случајот го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, Енис Плана, кој информираше дека полицијата и државното обвинителство веднаш започнале истрага за утврдување на околностите под кои настапила смртта.

„Околу 15:00 часот добивме пријава дека во возило во населбата Ветерник има лице без знаци на живот. Медицинската екипа на лице место ја потврди смртта на машко лице. Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага и ги презема сите неопходни истражни и криминалистички дејствија за целосно разјаснување на случајот“, изјави Плана.

По веста за смртта, со реакција се огласи и лидерот на АИК, Рамуш Харадинај, кој изрази длабоко жалење за загубата.

„Хекуран Хоџа беше наш долгогодишен колега во Алијансата. Од младоста беше активен во партијата и секогаш се истакнуваше со коректност и почит кон сите. Неговата смрт нè шокираше. Изразувам искрено сочувство до семејството Хоџа, пријателите и сите наши колеги“, напиша Харадинај.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе детали за случајот се очекуваат по завршување на официјалните постапки.

Related Posts

TikTok затвори 34 профили поврзани со дезинформациска мрежа за изборите во Бугарија

TikTok затвори 34 профили поврзани со дезинформациска мрежа за изборите во Бугарија

10.04.2026
Владата на Босна и Херцеговина одобри 2,5 милиони литри дизел од стоковните резерви за земјоделците

Владата на Босна и Херцеговина одобри 2,5 милиони литри дизел од стоковните резерви за земјоделците

10.04.2026
Камерите во Националниот парк „Шебеник“ повторно забележаа присуство на балканскиот рис

Камерите во Националниот парк „Шебеник“ повторно забележаа присуство на балканскиот рис

10.04.2026
ЕУ размислува за замрзнување на 1,5 милијарди евра за Србија поради правните реформи и односите со Русија

ЕУ размислува за замрзнување на 1,5 милијарди евра за Србија поради правните реформи и односите со Русија

10.04.2026

Признание „Илинден“ за Марјана Дода, главен уредник на „Аргументум.ал“

09.04.2026

ВИДЕО: Лажниот бугарски свештеник пак во центарот на вниманието: Навреди упатени кон министерката за надворешни работи

09.04.2026

Препорачани Вести

Страшната сообраќајка се случила утрово во Србија – Има загинати

2 месеци ago

Полицаец фатен како прима поткуп – МВР со детали

1 месец ago

Популарни Вести

  • Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива современ изглед и поголема безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка приведена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.