Автомобилскиот сојуз на Србија (ААСС) вечерва соопшти дека 18 гранични премини се блокирани за товарен сообраќај. Станува збор за премини кон земјите од Европската Унија, каде возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија протестираат поради заострената процедура за влез во Шенген зоната, која, според нив, го скрати времето за престој во земјите од ЕУ.
На листата на блокирани премини се наоѓаат: Хоргош, Келебија, Бачки Брег, Српска Црна, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци, Рибарци, Прешево, Батровци, Бездан, Богојево, Бачка Паланка, Нештин и Шид.
Според вечервашниот извештај на АМСС и Управата за гранична полиција, на списокот повеќе не се премините Мокрање и Прохор Пчињски.
За разлика од товарниот сообраќај, на граничните премини нема задржувања за патнички возила.










