недела, март 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Обвинение за финансиски злоупотреби во Прилепската болница

by Redakcija
29.01.2026
in Црна Хроника

Обвинителството поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за финансиски злоупотреби во Општата болница Прилеп, каде, според нив, пари од болничката каса биле трошење на кафеани, пицерии и бензински пумпи, додека дел од услугите постоеле само на хартија.

Според обвинението, поранешната директорка Кети Смилеска и неколку вработени во периодот од 2022 до средината на 2024 година земале средства од болницата и ги трошеле без договори, објаснување или трага во даночниот систем. Станува збор за повеќе од 150 илјади евра, исплатени преку лажни налози за работа и фиктивни услуги кои, според истрагата, никогаш не биле извршени.

„Поранешната директорка е обвинета и за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи одобрувала исплата на средства кон угостителски објекти и продавници, иако набавените производи и услуги не биле наменети за пациентите во болницата“, соопштија од Обвинителството.

Лани во април полицијата изврши претреси на осум локации во Прилеп, вклучувајќи и приватни адреси на лица поврзани со менаџментот на болницата, откако новиот директор Кире Јоноски го пријави финансиското „празнење“ на сметката и долгови од околу три милиони евра. Поранешната директорка Смилеска тогаш ги негираше обвинувањата.

Обвинението доаѓа девет месеци по притворот на дел од осомничените, а Обвинителството најавува дека истрагата продолжува и дека се можни дополнителни обвиненија по завршувањето на финансиските вештачења.

Извор: 24.mk

Related Posts

ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЈАЖИНЦЕ– ВОЗИЛОТО БАРАНО ОД ИНТЕРПОЛ

21.03.2026

Шест лица приведени за семејно насилство: нападнати сопруги, снаи, свекрви, деца и родители

21.03.2026

Приведени 16 возачи за безобѕирно возење, 11 никогаш не положиле возачки испит

21.03.2026

Жена пронајдена мртва во Зрновци – Обдукцијата проверува дали станува збор за семејно насилство и силување

21.03.2026

Тешка сообраќајка во Конче: осумгодишно дете со тешки повреди по удар од автомобил

21.03.2026

18-годишник од Скопје починал по прием во гостиварскиот Ургентен центар

21.03.2026

Препорачани Вести

Николоски: Потврдена определбата на државата за целосна заштита на Охридскиот Регион

1 месец ago
Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

3 недели ago

Популарни Вести

  • Иран објави мапа на цели: Енергетската мрежа клучна, регионот во ризик од темнина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Кркрдаш е жив симбол на традицијата и заедништвото во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел објави нова мапа која открива колку далеку може да удри Иран со своите ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ирaн изврши ракетен удар врз станбена зграда во градот Арад Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јапонската идеја за соларен прстен околу Месечината – што е и дали е реална?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.