На 28.01.2026 година во 15:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.В. (39) од Р.Косово, со престој во Тетово, по претходна пријава за семејно насилство од неговата сопруга, којапријавила дека претходниот ден во два наврати тој физички ја нападнал и и се заканувал со остар предмет, при што и го искршил мобилниот телефон и ѝ забранил да го напушта домот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.







