сабота, август 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ФОТО: Специјалците од Тигар во заседа – Падна голем плен

by Redakcija
04.04.2026
in Црна Хроника

Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, две лица лишени од слобода, следува кривична пријава

На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство со САЕ Тигар беше спроведена оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина.
Лишени од слобода се две лица и се спроведени во Полициска станица Велес.

Имено, полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на патничко возило “сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило.

Од извршениот преглед на патничкото возило “сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати.

Денеска (04.04.2026), од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Пронајдената растителна материја врз основа на издадена Наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, ќе биде предадена во Одделот за Форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија.

…

Related Posts

За четири месеци уапсени 15 лица поради предизвикување пожари низ Македонија

29.08.2026

Кражба кај бензинска пумпа во Тетово: 27-годишник приведен

29.08.2026

Канаѓанец приведен во Куманово, кај него пронајден археолошки артефакт

28.08.2026

Двајца браќа нападнати со метален предмет во Тетово, полицијата го расчистува случајот

28.08.2026

СКАНДАЛ – ВРАБОТЕНИ ВО МВР ПРАВЕЛЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ, фатени се на дело!

28.08.2026

Трагедија во Словенија: Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа

28.08.2026

Препорачани Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

3 недели ago

Фатен на дело: Велешанец се обидел да ограби црква

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Археолозите тврдат дека пронашле траги до „вистинскиот“ гроб на Исус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клима-уредот работел 10 дена додека била на море: Кога ја видела сметката за струја, не можела да поверува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните документи на Тесла во ФБИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Многумина несвесно чуваат богатство дома: Овој предмет од времето на Југославија денес вреди многу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен советник на Заев се спомнува во афера во Косово за соработка со српски тајни служби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.