сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Поранешен советник на Заев се спомнува во афера во Косово за соработка со српски тајни служби

by Redakcija
29.08.2026
in Балкан

Името на поранешен советник на експремиерот Зоран Заев за локална самоуправа, се појавува во обвинителните материјали во Косово против политичкиот аналитичар Фатмир Шехоли, кој е обвинет за шпионажа и уцена. 

Специјалното обвинителство на Косово на 25 август поднесе обвинение против Шехоли, тврдејќи дека бил регрутиран од српската Безбедносно-информативна агенција – БИА и дека собирал и пренесувал информации за политичките активности, безбедносната состојба и функционирањето на институциите во Косово.

Според делови од обвинението што ги објавија косовските медиуми, на 20 и 21 декември 2024 година Шехоли комуницирал преку WhatsApp со советникот, при што се разговарало за организирање средба со Бојан Димиќ, кого косовските истражители го идентификуваат како службеник на БИА.

Според обвинението, Шехоли на 5 август 2025 година на овој контакт испратил документ означен како „Top Secret 2“. 

Шехоли обвинет за шпионажа и уцена

Според Специјалното обвинителство на Косово, Шехоли до неговото апсење во октомври 2025 година наводно дејствувал по задачи на службеници на БИА и собирал информации и документи од интерес за српската разузнавачка служба.

Покрај шпионажа, тој е обвинет и за уцена на лице од Косово, од кое, според обвинението, барал повеќе од 13.000 евра.

Предметот е пред Основниот суд во Приштина, а првото рочиште е закажано за 7 септември.

Извор: press24

..

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

30.10.2026

Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

30.10.2026

Полицијата влезе во две институции во Србија: Што се случува со државната документација?

30.10.2026

Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

30.10.2026

Петар Стојанов го поддржа Ѓуров: Власта треба јасно да каже дека Русија ја започна војната

29.10.2026

Тешка трагедија во Кападокија – се урна еден од „самовилските оџаци“, има загинати

29.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Еве колку се чека за излез од Македонија

3 месеци ago
Муцунски и Трипуновски во Брисел: Соработка, реформи во земјоделството и руралниот развој

Муцунски и Трипуновски во Брисел: Соработка, реформи во земјоделството и руралниот развој

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Претседателот го прекина патувањето, полицијата пред судот: Што се случува во Полска?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Може ли да се врати подарен стан? Кога родителите можат да побараат правна заштита

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Камера 300“ го чува наследството на браќата Манаки и ги носи животните приказни на големото платно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.