петок, октомври 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

СКАНДАЛ – ВРАБОТЕНИ ВО МВР ПРАВЕЛЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ, фатени се на дело!

by Redakcija
28.08.2026
in Црна Хроника

Огромен скандал ја потресе полицијата откако мрежа од вработени во МВР е фатена ин флагранти во момент кога правеле лажна возачка дозвола за мито. Поради ова, Внатрешната контрола започна обемна истрага, а сомнежите се дека стотици граѓани на овој начин добиле лажни дозволи за управување со камиони, шлепери и автобуси.

Шемата била едноставна, но опасна по животот на сите во сообраќајот: на „клиентот“ му било кажувано да ја пријави својата постоечка возачка како изгубена. Во процесот на изработка на новата пластична картичка, службениците му допишувале повисоки категории што никогаш не ги полагал, па така, обичен возач на автомобил преку ноќ станувал „професионален шофер“ на шлепер или автобус. Неофицијалните информации велат дека на ваков начин досега се отпечатени околу 300 лажни возачки дозволи.

Ова е директно загрозување на безбедноста, бидејќи ваквите „возачи“ без ден искуство, без лекарски прегледи и без соодветни обуки превезуваат патници, туристи и деца на училишни екскурзии.

За случајот веќе е известено Основното јавно обвинителство, а од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на аферата.

Дел од осомничените полицајци во минатото веќе биле дел од познатата афера со издавање лажни македонски пасоши на белосветски криминалци и мафијаши. Иако тогаш беа под истрага, тие со судски одлуки беа вратени на работа во МВР, за сега повторно да бидат фатени во илегален бизнис.

Извор: vecer.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Снимката го откри прекршокот: МВР го пронајде возачот кој го блокираше сообраќајот во Скопје

08.10.2026

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

07.10.2026

Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

07.10.2026

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

07.10.2026

Виш обвинител под истрага: Се сомничи дека ургирал за пониски казни во најмалку четири предмети

07.10.2026

Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Тајните тунели во Иран повторно активни – што покажуваат сателитските снимки

6 месеци ago

Силно невреме денес ќе ја погоди Македонија – пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Климовски најави проверки за 2023 и 2022 година по недостигот од 80 милиони денари во Лотарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од скопска фирма одземени околу 400 кубици дрва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во август одобрена изградба на 1.030 станови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подготовки пред стартот на парното: ЕСМ повикува да се проверат инсталациите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.