петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Самсунг (Samsung) повторно ги претставува Galaxy XCover7 и XCover7 Pro во Јадранскиот регион: Создадени за вистинскиот живот

by Redakcija
30.01.2026
in Технологија

Сигурни перформанси, безбедност и издржливост за секојдневна работа

Скопје, 29 јануари 2026 година – “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) со гордост ја најавува обновената достапност на Galaxy XCover7 и XCover7 Pro во Јадранскиот регион. Создадени за да се справат со секојдневните предизвици, двата уреди нудат рамнотежа помеѓу издржливоста и функционалноста за професионалци и активни корисници. Дизајнирани за вработени на првата линија на одговор, како што се службите за итни случаи, пожарникарите, полицијата и спасувачките екипи, како и за ентузијасти за активности во природа, вклучувајќи планинари, велосипедисти и авантуристи, овие уреди обезбедуваат сигурни перформанси во секое опкружување.

Создадени за барањата на реалниот свет

Овие издржливи “Galaxy“ паметни телефони се конструирани за сигурна работа во тешки услови. Со сертификатот MIL-STD-810H, докажано преживуваат падови од висина до 1,5 метри на челични површини, како и екстремни температури (-20°C до 55°C) и други сурови средини, обезбедувајќи непречена работа дури и во најтешките ситуации. Со IP68 сертификација, уредите се исто така заштитени од прашина и се отпорни на вода. Без разлика дали работите на отворено или во предизвикувачки работни средини, овие уреди ве одржуваат поврзани и продуктивни.

Непречена продуктивност

Поврзаноста во текот на целиот ден е од суштинско значење, а Galaxy XCover7 Pro и Galaxy XCover7 го овозможуваат тоа со поддршка за брза мрежа и повеќе режими на напојување. Со голем капацитет на батеријата, “POGO“ полнењето заедно со брзото полнење од 15W, прекините во работата се сведени на минимум. Уредите ги оптимизираат перформансите и користењето на батеријата во текот на денот. Кога времето за полнење на батеријата е ограничено, двата уреди овозможуваат замена на батеријата во движење, директно на терен.

Видливост на отворено и јасна комуникација

Уредите се опремени со екран прилагоден за користење на отворено, со Vision Booster технологија која ја подобрува видливоста на силна сончева светлина. Galaxy XCover7 Pro е дополнително опремен со стерео звучници и функцијата “Howling Noise Reduction“ за намалување на шумот, што овозможува чист звук и сигурен квалитет на повикот дури и во бучни средини.

Максимална продуктивност

Galaxy XCover7 Pro поддржува работење со Samsung DeX, овозможувајќи искуство слично на десктоп кога е потребно. Телефонот може да се поврзе со надворешен дисплеј преку USB-C приклучок и да се спари со “Bluetooth“ тастатура и глушец за поголема практичност. Со 5G поврзаност и Wi-Fi 6E на Galaxy XCover7 Pro, можете да останете поврзани и да пренесувате податоци со неверојатна брзина. Програмабилните копчиња на двата модели овозможуваат брз пристап до основните апликации и функции, поедноставувајќи го вашиот работен процес.

Напредна безбедност и долгорочна поддршка

Безбедноста е темел на XCover7 Pro и XCover7.Со Samsung Knox Vault, чувствителните податоци, како што се PIN – кодовите, лозинките и биометриските податоци се чуваат во посебна изолирана хардверска средина, нудејќи силна заштита од софтверски и физички напади. Уредите се поддржани со седум години софтверски ажурирања, вклучувајќи ги главните верзии на оперативниот систем и безбедносните надградби, со што се овозможува долгорочна употреба.

Сигурен избор за работа и секојдневни предизвици

Galaxy XCover7 Pro и XCover7 ги здружуваат издржливоста, продуктивноста, безбедноста и одржливоста што ги прави доверливи паметните телефони за работа и секојдневна употреба. Без разлика дали сте работник на прва линија на одговор, или пак деловен професионалец, уредите се дизајнирани да ги задоволат вашите потреби.

Издржливи перформанси прилагодени на вашите потреби

Изградени врз заедничка основа на докажана издржливост, Galaxy XCover7 Pro и Galaxy XCover7 се дизајнирани да поддржат различни професионални потреби, истовремено обезбедувајќи постојана сигурност во предизвикувачки средини. Како „помлад брат“, Galaxy XCover7 обезбедува суштински перформанси, чист звук и практично искуство со дисплејот за секојдневни теренски операции, додека Galaxy XCover7 Pro го надградува тоа искуство со унапредени процесорски можности, стерео звучници со “Dolby Atmos“ и поразновиден систем на задна камера со двојни леќи. Двата уреди нудат проширлив простор за складирање, при што Galaxy XCover7 Pro обезбедува дополнителна флексибилност до 2 терабајти за случаи во кои е потребно справување со голем обем на податоци.

Достапност, цени и продолжена гаранција

Samsung Galaxy XCover7 и XCover7 Pro сега се достапни со продолжена гаранција од 36 месеци, што ја покажува посветеноста на компанијата “Samsung“ за квалитетна поддршка за сите корисници, вклучувајќи ги и професионалците на првата линија на одговор. Уредот Samsung Galaxy XCover7 е достапен во Северна Македонија преку сопствените продажни канали на “Samsung“ и преку нивните продажни партнери. Samsung Galaxy XCover7 Pro е достапен исклучиво по нарачка преку истите продажни канали. За повеќе информации во врска со цените и портфолиото на издржливи уреди на “Samsung“, ве покануваме да ја посетите www.samsung.com/mk.

Related Posts

Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

16.04.2026
Instagram воведува построги ограничувања за тинејџери на глобално ниво

Instagram воведува построги ограничувања за тинејџери на глобално ниво

14.04.2026
Предупредување за корисниците на Apple: „Секој мора да знае за оваа опасна измама“

Предупредување за корисниците на Apple: „Секој мора да знае за оваа опасна измама“

14.04.2026
Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

14.04.2026
Хакерски напад врз Booking.com: Пристап до податоци за резервации на дел од корисниците

Хакерски напад врз Booking.com: Пристап до податоци за резервации на дел од корисниците

14.04.2026
АИ дата-центрите создаваат локални „топлински острови“ со температури до 9 степени

АИ дата-центрите создаваат локални „топлински острови“ со температури до 9 степени

14.04.2026

Препорачани Вести

ЕУ реагираше на одлуката на албанскиот парламент, Рама: Секој европски парламент би постапил исто

1 месец ago
Муцунски ќе ја претставува Македонија меѓу светските лидери на Самитот за влади во Дубаи

Муцунски ќе ја претставува Македонија меѓу светските лидери на Самитот за влади во Дубаи

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Скандал во битолската болница: незаконски исплати од речиси 500.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Wolt пристигна во Битола: 30% попуст и 14 дена бесплатна достава за нови корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Џез фактори фестивалот“ ја позиционира Битола како регионален културен центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Коњановски: Решаваме долгогодишен проблем со паркирањето во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Започна проширувањето на ОУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров: Мицкоски најави нов бран инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.