вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

by Redakcija
31.01.2026
in Спорт

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го дознае противникот за баражот за пласман на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија. Извлекувањето на двојките е закажано за 14:30 часот.

Со пласманот на 14. место на Европското првенство 2026, кое завршува утре, Македонија обезбеди директен настап во третата бараж-фаза, што значи дека ќе игра само еден бараж двомеч, без претходни елиминации.

Првата фаза од баражите веќе е завршена, втората ќе се игра во март 2026, додека баражот 3, во кој учествува и нашата селекција, е закажан за периодот од 13 до 17 мај 2026 година, со натпревари дома и на гости.

Македонија се наоѓа меѓу носителите во баражот 3, заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија, што значи дека нема да се сретне со ниту една од овие репрезентации.

Во групата на неносители и потенцијални противници се Чешка, Италија, како и победниците од следните дуели: Босна и Херцеговина – Косово, Грузија – Израел, Украина – Словачка, Србија – Литванија, Полска – Летонија, Турција – Романија, Грција – Белгија и Финска – Црна Гора.

Победниците од баражот 3 ќе обезбедат пласман на Светското првенство и ќе им се приклучат на веќе квалификуваните европски селекции: Германија како домаќин, Данска како актуелен светски првак, како и Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска, кои завршија од третото до шестото место на ЕХФ ЕУРО 2026.

Светското првенство 2027 ќе се игра од 14 до 31 јануари во шест германски градови – Кил, Минхен, Хановер, Штутгарт, Келн и Магдебург.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Почина поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски

16.11.2026

Македонец влезе во Гинисовата книга на рекорди: Сашко Кедев е највозрасниот човек што ги искачил сите 14 осумилјадници

15.11.2026

Ева Митевска со историски успех на 100 метри на Младинските олимписки игри

10.11.2026

Ракометната федерација на Македонија најави остар приговор до ЕХФ и грчката федерација поради кратенката НМКД

08.11.2026
ВИДЕО | НЕВИДЕН ХАОС НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН: Судија во Бразил покажал дури 53 црвени картони по масовна тепачка!

ВИДЕО | НЕВИДЕН ХАОС НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН: Судија во Бразил покажал дури 53 црвени картони по масовна тепачка!

08.11.2026

Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

САД би можеле да ја суспендираат Шпанија од НАТО: Откриено во мејл од Пентагон

7 месеци ago

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.