сабота, мај 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УЈП ќе ги прифаќа сите докази за платен данок во странство

by Redakcija
02.02.2026
in Економија

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, појасни дека оданочувањето на граѓаните кои оствариле доходи работејќи во странство е обврска предвидена со Законот за данок на личен доход и не станува збор за воведување нови, ретроактивни давачки. По средбата во Сојузот на стопански комори, таа истакна дека оваа законска одредба е на сила уште од 2020 година.

Главниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните во моментов е обезбедувањето на веродостојни докази за веќе платен данок во државите каде што работеле. Петрова најави дека УЈП ќе покаже флексибилност за да им излезе во пресрет на обврзниците.

„Управата ќе прифаќа сите видови докази за платен данок во странство и веќе покренуваме административна соработка со странските даночни администрации за службена проверка на податоците“, изјави Петрова.

Од вкупно 1.100 евидентирани граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе ја доставиле потребната документација. За останатите, УЈП побарала официјални листи и податоци за компаниите работодавачи за да се изврши проверка по службена должност. Слични дополнителни проверки ќе се спроведат и за лицата кои биле дел од мировни мисии, а за кои данокот бил регулиран преку Министерството за одбрана.

Директорката Петрова најави дека издадените аконтациски решенија за 2020 година ќе бидат заменети со конечни решенија по завршување на проверките. Дотогаш, процесот на присилна наплата или корекции ќе мирува за сите граѓани додека не се обезбедат потребните информации од странство.

Related Posts

benzin

Од вторник големо намалување на дизелот

30.05.2026

ВИДЕО – Автопатот Охрид-Кичево преполн со возила: Туристите масовно го користат за продолжениот викенд

29.05.2026

Само еден рудник би можел да донесе над 500 милиони евра во државниот буџет

28.05.2026

Димитриеска-Кочоска: Намалувањето на царините за 70 стоки ќе ја зголеми конкурентноста на македонската индустрија

29.05.2026
Тајни тест-купувања открија безбедносни пропусти: ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра

Тајни тест-купувања открија безбедносни пропусти: ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра

28.05.2026
Македонците работат 39,5 часа неделно: Подолго од просекот во ЕУ од 35,9 часа

Македонците работат 39,5 часа неделно: Подолго од просекот во ЕУ од 35,9 часа

28.05.2026

Препорачани Вести

Трамп тврди дека САД ја добиле војната со Иран, но ветува продолжување на воените дејствија

Трамп: Не сум загрижен за поразот на Орбан, Маѓар ќе се покаже успешно

2 месеци ago

ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Медицинска сестра нападната од колега во Тетовската болница, напаѓачот приведен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Се преземаат мерки по нападот од мечка врз стадо во Крклино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Се поместува финалето од Лигата на шампионите вечерва – ќе започе три часа порано!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од вторник големо намалување на дизелот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брза реакција на полицијата во случај на семејно насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.