Tuesday, February 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Министерството за енергетика: СДСМ манипулира за да ги сокрие долговите и хаосот што го остави

by Redakcija
03.02.2026
in Македонија

СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос  

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и недвосмислено ги демантира неоснованите, манипулативни и свесно лажни тврдења на СДСМ, кои уште еднаш покажуваат дека како опозиција немаат ниту аргументи, ниту кредибилитет – туку само потреба да ја прикријат сопствената одговорност за финансискиот хаос што го оставија зад себе и во секторот енергетика.

Осврнувањето на министерката Сања Божиновска за состојбата на Буџетот се однесуваше исклучиво на реалната можност државата сама да финансира проект од обем и тежина како хидроцентралата „Чебрен“– инвестиција вредна над една милијарда евра. Притоа, министерката јасно и одговорно посочи дека ниту еден проект, колку и да е значаен, не смее да значи запирање на средствата за здравството, образованието, инфраструктурата и другите клучни јавни инвестиции.

Ние јавно кажуваме што е финансиски можно, а што би било неодговорно и ризично за државата.Тоа е разликата меѓу одговорна политика и опасен популизам – разлика што СДСМ очигледно мора да ја научи.


Фактот дека капиталниот дел од буџетот денес е ограничен е директна последица на години недомаќинско, хаотично и неодговорно управување, период во кој не беше реализиран ниту еден стратешки капитален проект, а државата беше задолжувана без јасна визија и резултати. Буџет што беше разнишан и нефункционален, оваа Влада сега го стабилизира и го става во служба на реални, мерливи и остварливи проекти.

Очигледно е дека на СДСМ им пречи воведувањето ред и систем. Министерството направи суштински пресврт во енергетскиот сектор, овозможувајќи стотици домашни и странски компании да инвестираат транспарентно, законски и под еднакви услови – нешто што со години беше блокирано.

И покрај ниските, манипулативни и неосновани напади од СДСМ, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на реализација на клучни проекти за граѓаните, со одговорно планирање, финансиска дисциплина и без загрозување на стабилноста на државата.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Next Post
Муцунски потпиша меморандум со ОАЕ за модернизација на јавната администрацијата

Муцунски потпиша меморандум со ОАЕ за модернизација на јавната администрацијата

Историски снег го обви пејзажот на Нијагарините Водопади

Историски снег го обви пејзажот на Нијагарините Водопади

Препорачани Вести

Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија – се врши евакуација со чамци и хеликоптери

Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија – се врши евакуација со чамци и хеликоптери

9 months ago

Го украл возилото со дете внатре, додека тетката плаќала гориво – Потресна дрма на бензиска во Србија

9 months ago

Популарни Вести

  • Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел

    Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП започна со исплата на повратот од МојДДВ за последното тримесечје од 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола оди напред со конкретни проекти и јасна визија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали во Брисел: Членството во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 585 од 651 прекршок вчера преку системот „Безбеден град“ се за пребрзо возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.