четврток, март 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Нова мерка што ќе „боли“: Во овој слулај ќе има одземање на моторното возило

by Redakcija
03.02.2026
in Црна Хроника

Од 1 февруари 2026 година, стапија во сила новите законски измени со кои се воведува една од најстрогите мерки во областа на безбедноста во сообраќајот – одземање на моторно возило од лица кои управуваат без стекнато право на возачка дозвола.

Според измените на Кривичниот законик, доколку лице управува моторно возило без возачка дозвола и со тоа стори кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, возилото со кое е сторено делото ќе биде одземено, под услов тоа да е во сопственост на сторителот.

Во случаи кога возилото е сопственост на трето лице, истото ќе биде одземено само доколку сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето кое управувало немало право да вози.

Новите законски решенија предвидуваат одземање на возилото и во случаи на екстремно пречекорување на брзината – доколку возачот ја надмине дозволената брзина за најмалку 70 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место. Доколку сторителот претходно веќе бил осудуван за вакво кривично дело, одземањето на возилото е задолжително.

Мерката се однесува на сите видови моторни возила, вклучително и патнички автомобили, мотоцикли, скутери и други моторизирани превозни средства.

Со овие измени, лицата кои управуваат возило без возачка дозвола повеќе не се соочуваат само со прекршочни казни, туку и со кривична одговорност, што претставува значително заострување на санкциите.

Од надлежните институции порачуваат дека целта на новата мерка е драстично намалување на тешките сообраќајни несреќи, зголемување на дисциплината во сообраќајот и отстранување на најризичните учесници од патиштата.

Извор: Скопје Инфо

Related Posts

Полицијата апсеше во Штип – Ова се деталите

19.03.2026

Уапсени пет насилници – Полицијата со детали

19.03.2026

Инцидент на „Илинденска“ во Тетово – Уапсен 19-годишник

19.03.2026

МВР со детали по апсењето во Куманово

19.03.2026

Трагедија во Скопје: 24-годишен скопјанец починал во домот на својот другар

19.03.2026

Падна уште еден поранешен директор – МВР со детали

19.03.2026

Препорачани Вести

Месецов почнува летното сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред

2 недели ago
Стопирано емитување на програмата на Радио-телевизија Босна и Херцеговина

Стопирано емитување на програмата на Радио-телевизија Босна и Херцеговина

3 недели ago

Популарни Вести

  • Полицијата апсеше во Штип – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цените на нафтата експлодираа – 119 долари за барел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите хрватски војници итно евакуирани од Ирак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската репрезентација со нов спонзор на дресовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Иран погодил американски Ф-35?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.