вторник, март 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Тошковски ги расчисти дилемите за краткото паркирање

by Redakcija
03.02.2026
in Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа појасни дека системот „Safe City“ во моментов не ги санкционира прекршоците за погрешно паркирање и запирање, бидејќи таа функција сè уште не е ставена во функција. 

Тој истакна дека ниту во тест фазата, ниту сега, овој тип на прекршоци не се констатираат, нагласувајќи: „Оценивме дека потребно е да имаме нивелирање од аспект на поставување на сообраќајни знаци, поврзани со погрешно паркирање и запирање“.

Според Тошковски, МВР не сака да брза со казнувањето за да не се направи конфузија и „реално да се оштетат одредени граѓани или правни лица“ кои немаат друг начин како да остварат одредени потреби во градот. 

Тој посочи дека постојат специфични ситуации, како застанување пред аптека во итен случај, каде што мора да се има разбирање. 

„Ако сме се договориле да играме по одредени правила на игра, ние мора да ги почитуваме правилата на игра“, изјави министерот во врска со потребата од јасни протоколи пред активирање на камерите за овој прекршок.

Тошковски најави дека за целосна имплементација е потребна соработка со градските власти. 

„Градското претпријатие треба да донесе одлука каде ќе ја ограничи временската зона за дотур на роба до одредени компании“ и да постави соодветни сообраќајни знаци на позициите каде што има камери. 

Дотогаш, фокусот на полицијата останува на посериозните прекршоци. 

„Се фокусиравме во рамки на тест периодот на оние сообраќајни прекршоци од кои се губат човечки животи“, заклучи тој.

Related Posts

Делови од Карпош утре ќе бидат без електрична енергија

02.03.2026
Набавка на велосипед со финансиска помош од скопска општина

Набавка на велосипед со финансиска помош од скопска општина

02.03.2026
struja

Прекин на струја во дел од село Орман

02.03.2026

Меџити: Чаир гради стратешко партнерство со општина од Истанбул

01.03.2026

Меџити: Инвестициите ја трансформираат инфраструктурата во Дижон

01.03.2026

ПРИВЕДЕН 33-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Во автомобил со него затекнати две малолетнички

28.02.2026

Препорачани Вести

Јужнокорејски научници ја оживејаа ткаенината што ја носеле императорите

Јужнокорејски научници ја оживејаа ткаенината што ја носеле императорите

2 недели ago

Андоновски: Бесплатен јавен Wi-Fi во 64 општини

2 недели ago

Популарни Вести

  • Николоски: Автопатот Прилеп–Битола е во интензивна изградба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Иран го демонстрира хиперсоничното оружје Фатах-2?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Карпош утре ќе бидат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре стартува процесот за полициските службеници во случајот „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.