среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Саем на книга 2026 – „Отвори прозорец кон нови светови“ од 23 до 29 април во Арена Борис Трајковски

by Redakcija
18.03.2026
in Скопје
Саем на книга 2026 – „Отвори прозорец кон нови светови“ од 23 до 29 април во Арена Борис Трајковски

Триесет и осмото издание на Саем на книга 2026 ќе се одржи од 23 до 29 април во Арена Борис Трајковски, под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“.

Во текот на седумте саемски денови, посетителите ќе имаат можност да изберат од богата понуда на книги од домашни и странски автори, да присуствуваат на промоции на нови изданија, како и да се запознаат поблиску со издавачите и нивните наслови.

Организаторите најавуваат разновидна и динамична програма која ќе опфати книжевни промоции, работилници, средби со автори, дискусии и панели. Љубителите на книгата ќе можат да ги сретнат своите омилени писатели, но и да ја збогатат личната библиотека со нови изданија, искористувајќи ги саемските попусти.

Посебно внимание ќе биде посветено на најмладите, за кои се предвидени раскажувачки сесии и интерактивни содржини, додека повозрасната публика ќе може да учествува во разговори со реномирани автори. Акцентот оваа година е ставен на литературата што ги обединува традиционалните вредности и ја афирмира книгата како вечен извор на знаење и инспирација.

Оваа манифестација е прогласена за проект од национален интерес во областа на културата, под покровителство на Министерство за култура и туризам.

Вратите ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Цената на редовна влезница изнесува 100 денари, за организирани ученички посети 50 денари по ученик, додека билет за три посети чини 250 денари. Влезот е бесплатен за деца до 12 години во придружба на родител. Со секоја купена редовна влезница, дел од средствата ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Улици и населби во пет скопски општини утре без струја

27.10.2026

Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

27.10.2026
Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

25.10.2026

Трка низ центарот на Скопје: полицијата најави пренасочување на сообраќајот

22.10.2026

Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

21.10.2026

Се обновува споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во „Жена борец“

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Огромен пожар го празни туристичкиот бисер Кап Ферет, илјадници се евакуираат

3 месеци ago

Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Снег вее на Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Улици и населби во пет скопски општини утре без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Средбата со Хаџиу е потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.