вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

by Redakcija
24.11.2026
in Магазин

Една мала шолја кафе, препознатливата арома и традицијата стара повеќе од пет века се доволни за да се раскаже голем дел од културната историја на Туркије. Токму на ова наследство е посветен 5 декември, Светскиот ден на турското кафе, кое низ вековите од омилен пијалак прераснало во симбол на гостопримство и општествен живот. Тоа е неизоставен дел од секојдневието, но и културно наследство што се пренесува од генерација на генерација.

Турското кафе има долга историја која датира од XVI век, кога од Јемен пристигнало во Истанбул. Набргу станало дел од општествениот живот, а отворањето на првите кафеани создало нови места за собирање, размена на идеи и разговори. Тие постепено станале важен дел од градскиот живот, а преку европските дипломати и трговци традицијата се проширила и надвор од границите на Отоманската Империја, до различни делови на Европа. Во 2013 година, „Културата и традицијата на турското кафе“ беа впишани на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО, како важен дел од културниот идентитет на Туркије.

Она што го прави турското кафе посебно е специфичниот начин на подготовка, аромата, како и густата пена. Ситно мелените зрна кафе полека се загреваат со вода во метален сад наречен ѓезве, а пијалакот се служи во мали шолји, познати како филџани. Може да се подготви без шеќер, а најчесто се послужува со турски локум. Во турската традиција, кафето има посебно место во различни пригоди и обичаи, а се служи при секојдневни средби, семејни собирања, но и за време на други свечени моменти. Особено интересен е обичајот на гледање на кафе, односно толкување на фигурите што се формираат од талогот на шолјата. Иако Туркије е особено позната по својата култура на пиење чај, кафето има еднакво значајно место во нејзината традиција.

Истанбул е едно од местата каде што најдобро може да се почувствува оваа традиција. Во историските населби Султанахмет, Сиркеџи и Еминону, како и во Каракој, Галата и Кадикој, сè уште функционираат бројни кафеани и кафулиња во кои посетителите можат да ја запознаат културата на турското кафе. Посебно искуство е подготовката на кафе на врел песок или на жар. Кафе-културата е присутна и во другите големи турски градови. Во Анкара традиционалното кафе е дел од понудата на бројни модерни кафулиња, омилени меѓу младите. Во Измир кафето може да се пие со поглед на Измирскиот Залив, во Урла традиционалното кафе може да се проба во локалните кафулиња, а во блискиот Алачати е препознатливо кафето со мастика, кое му дава специфична арома.

Во Газиантеп се подготвува традиционалното кафе од див ф’стак, наречено мененѓич, кое во 2024 година доби статус на заштитена ознака за потекло од Европската Унија. Во Шанлиурфа и Мардин традиционално се подготвува мирра, кафе познато по својот изразито горчлив и интензивен вкус, кој се постигнува со двојно печење. Во Адијаман, пак, се издвојува кафето кервансарај, во чија подготовка се комбинираат кафе, чоколадо, павлака, салеп, рогач, мененѓич и мастика. Меѓу традиционалните видови кафе распространети низ Туркије е и дибек-кафето, кое се подготвува со толчење на печени зрна во камен аван. Во Сафранболу, пак, се наоѓа Музејот на турското кафе, а овој град истовремено е вклучен и на Листата на светско наследство на УНЕСКО, и во меѓународната мрежа на Cittaslow градови.

Токму ваквата географска разновидност овозможува да се следи и посебна рута на турското кафе низ земјата, која ги поврзува историските кафеани, локалните специјалитети, регионалните начини на подготовка и современите кафулиња. Посетителите можат да учествуваат и во работилници, каде што одблиску ќе ги запознаат традиционалните техники. Еден од препознатливите сувенири од Туркије е традиционалниот комплет за турско кафе, кој најчесто содржи ѓезве, пакување ситно мелено турско кафе и две традиционални порцелански шолји.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026

Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

23.11.2026

Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

23.11.2026

Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

23.11.2026

Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

Биткоинот паѓа под 63.000 долари поради геополитички и трговски тензии

9 месеци ago

Заборавете на класичните олуци: Јапонците смислиле необично решение за дождовницата кое станува сè попопуларно

2 недели ago

Популарни Вести

  • Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храброст или лудост: Што би се случило кога би го примениле црногорскиот модел за раст на платите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.