вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонските компании на прагот на зелена трансформација: Грантови од 5.000 до 300.000 евра од ИНОВА

by Simovski
04.02.2026
in Економија
Македонските компании на прагот на зелена трансформација: Грантови од 5.000 до 300.000 евра од ИНОВА

Македонските мали, микро и средни компании наскоро ќе добијат уникатна можност да инвестираат во зелена и одржлива иднина. Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) најави грантова шема со вредност од 22 милиони евра, дел од проект од 25 милиони евра кој ќе се спроведува во периодот 2026–2030 година.

Грантовите ќе се движат од 5.000 до 300.000 евра, а компаниите ќе треба да обезбедат сопствено учество од 20 до 50 проценти, во зависност од избраниот инструмент. Целта е да се поддржат најмалку 300 компании од различни сектори, особено производствени, кои се спремни да го направат пресвртот кон еколошки иновативни решенија.

Првите јавни повици ќе бидат објавени во средината на 2026 година, а за да информацијата стигне до секоја компанија, ИНОВА ќе организира инфо-караван во соработка со општини, стопански комори и регионални и секторски здруженија. Компаниите ќе можат да аплицираат за техничка и советодавна поддршка, финансиска помош за набавка на опрема и технологии, стандардизација и развој на нови производи.

„Ова е почеток на вистинска трансформација на македонската економија. ИНОВА нема да биде само администрација, туку вистински партнер на бизнисот“, порача директорката Даниела Димовска на официјалниот почеток на проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“.

Таа потенцираше дека фокусот е на компании со потенцијал за реална зелена трансформација, кои ќе можат да ја намалат потрошувачката на ресурси, да го зголемат користењето на обновливи извори на енергија и да го намалат отпадот. – „Зелената транзиција не е трошок, туку инвестиција во иднината. Целта ни е да создадеме нова генерација зелени лидери кои ќе бидат чекор пред европските стандарди“, додаде Димовска.

Проектот предвидува и создавање на „хаб на знаења“ – платформа за споделување на искуства и најдобри практики, со очекуван ефект на поефикасни компании, пониски трошоци, нови зелени работни места и економија што расте без да ја загрозува иднината на следните генерации.

Од вкупната вредност на проектот од 25 милиони евра, 18 милиони се обезбедени како поддршка од Европската унија, а седум милиони се национални буџетски средства. Како што истакнуваат од ИНОВА, оваа иницијатива директно придонесува за европскиот „Грин Дил“ и Зелената агенда на Западен Балкан, забрзувајќи ја примената на зелени практики и подигајќи ја свеста за економските придобивки од одржливи инвестиции.

„Сега е време за зелена акција. Македонија знае, може и мора да оди напред – паметно, одржливо и храбро“, заклучи Димовска.

Related Posts

Имаш креативност и знаење? Придружи се на тимот со убави услови и конкурентна плата!

06.04.2026

Божиновска во Вашингтон: нови можности за економска и енергетска соработка со САД

06.04.2026

Вкупен промет од 25,01 милиони денари и силен раст кај Пивара Скопје – активни и банкарските акции

06.04.2026

Димитриеска-Кочоска: Потврдени кредитните рејтинзи на Македонија од „Стандард и Пурс“ и „Фич“ – стабилни изгледи и континуитет на економските политики

06.04.2026

Регулаторната комисија го објави новиот ценовник за горивата

06.04.2026

ОКТА со убави вести за возачите – Попустот продолжува

06.04.2026

Препорачани Вести

Интензивни активности за расчистување и ревитализација на брегот на езерото Младост

2 месеци ago

2470 денари линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

7 дена ago

Популарни Вести

  • Рокот завршува утре – Трамп: Иран може да биде „уништен преку ноќ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран нападнал брод со 2.500 маринци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска во Вашингтон: нови можности за економска и енергетска соработка со САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имаш креативност и знаење? Придружи се на тимот со убави услови и конкурентна плата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите жртви на семејно насилство во Тетово – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.