сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни

by Redakcija
04.02.2026
in Економија
Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни

Последниот квартален извештај на Народната банка покажува стабилни макроекономски показатели и очекувано забавување на инфлацијата, додека домашната економска активност бележи умерен раст.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, годишната инфлација изнесувала 4,2%, што ја потврдува тенденцијата на постепено забавување. За целата година, просечната инфлација се движела околу 4,1%, близу до октомвриските проекции на Народната банка. Според очекувањата, во 2026 година и на среден рок инфлацијата ќе продолжи да се намалува и постепено ќе се враќа кон историскиот просек.

Советот на Народната банка оценува дека ризиците за идната економска стабилност сѐ уште постојат. Најголемите извори на неизвесност доаѓаат од глобалните цени на примарните производи, геополитичките тензии, трговската фрагментација, како и од домашни фактори кои влијаат врз побарувачката.

Домашната економија забрзува. Основното сценарио предвидува дека растот на БДП за 2025 година ќе изнесува 3,5%, над нивото од 3,0% забележано во 2024 година. За 2026 година и на среден рок, економскиот раст се очекува да се зајакне до 4,0%.

Банкарскиот сектор продолжува со солидна поддршка на економијата. Кредитите во четвртиот квартал забележале годишен раст од 13%, додека депозитите се зголемиле за 10%, малку над проекциите за крајот на 2025 година. Девизните резерви достигнале 4,92 милијарди евра, обезбедувајќи стабилна основа за одржување на вредноста на домашната валута.

Покрај тоа, Народната банка ја прилагоди оперативната монетарна рамка со цел поефикасно управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали кон краткорочните каматни стапки. Промените се насочени кон инструменти со пократок рок на достасување и почести операции, без да се менува поставеноста на монетарната политика.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026

Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник

07.11.2026

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

07.11.2026

Макпетрол со 28,7% поголема продажба, но 6,9% помала нето-добивка

07.11.2026

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари, добрата цена мора да оди со висок квалитет

07.11.2026

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Од полноќ поскапуваат горивата – Еве за колку ќе поскапи дизелот

3 месеци ago

САД и Македонија постигнаа историски трговски договор: Укинување царини и продлабочување на економската соработка

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Пукање на главниот плоштад во Краков: Петмина загинати, најмалку 12 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама вели дека Албанија не е Србија, во Тирана се изрекуваат казни за демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До 20 милиони долари за информации – Што точно бара Вашингтон?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.