Thursday, February 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ

by Simovski
05.02.2026
in Магазин
„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ

На 20 февруари, во 20 часот, сцената на Македонскиот народен театар ќе ја оживее претставата „Црно семе“, сценска адаптација на антологискиот роман на Ташко Георгиевски. Народниот театар од Битола преку оваа изведба ја отвора едната од најболни страниците на македонската колективна меморија – судбината на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна.

Во режија на Андреј Цветановски, „Црно семе“ претставува емотивен и моќен театарски чин кој низ личните судбини на ликовите ги прикажува темите за страдање, истрајност, идентитет и достоинство. „Ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема. Затоа мора да се сеќаваме на имињата и судбините на нашите луѓе“, порачува Цветановски, истакнувајќи ја улогата на театарот како чувар на историската вистина.

Драматизацијата е дело на Јелена Цветановска, сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се потпис на Благој Мицевски, сценските движења се на Дамјан Цветановски, а музиката ја создава Димитар Андоновски.

На сцената ќе се појават: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.

Билетите веќе се во продажба – онлајн и на билетарницата на Македонскиот народен театар.

Next Post

Прекин на водоснабдувањето во Усје поради дефект на водоводна цевка

Претреси и апсење во Кавадарци - МВР со детали

Препорачани Вести

Уапсени три лица во кривопаланечко, убиле старец па го закопале во близина на неговата куќа

Дојави за бомби во училишта во Скопје

10 months ago

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Има тешко повредени

7 months ago

Популарни Вести

  • Градоначалникот на Прилеп се сретна со Генералната конзулка на Република Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 39,33 милиони денари, стабилен ОМБ и ограничени ценовни поместувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведено лице од Пепелиште поради кражба на 500 литри нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Apple го трансформира Xcode со вграден AI: Автоматско кодирање и тестирање со Claude и Codex

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Wizz Air имаше успешна година лани во Македонија: Речиси 2 милиони патници и 99,48% реализирани летови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.