вторник, мај 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ

by Simovski
05.02.2026
in Магазин
„Црно семе“ по Битола ќе гостува и на сцената на МНТ – моќна приказна за страдањето и достоинството на македонскиот народ

На 20 февруари, во 20 часот, сцената на Македонскиот народен театар ќе ја оживее претставата „Црно семе“, сценска адаптација на антологискиот роман на Ташко Георгиевски. Народниот театар од Битола преку оваа изведба ја отвора едната од најболни страниците на македонската колективна меморија – судбината на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна.

Во режија на Андреј Цветановски, „Црно семе“ претставува емотивен и моќен театарски чин кој низ личните судбини на ликовите ги прикажува темите за страдање, истрајност, идентитет и достоинство. „Ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема. Затоа мора да се сеќаваме на имињата и судбините на нашите луѓе“, порачува Цветановски, истакнувајќи ја улогата на театарот како чувар на историската вистина.

Драматизацијата е дело на Јелена Цветановска, сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се потпис на Благој Мицевски, сценските движења се на Дамјан Цветановски, а музиката ја создава Димитар Андоновски.

На сцената ќе се појават: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.

Билетите веќе се во продажба – онлајн и на билетарницата на Македонскиот народен театар.

Related Posts

Повеќе витамин Ц од лимонот: Вистината за хранливата вредност на кивито

Повеќе витамин Ц од лимонот: Вистината за хранливата вредност на кивито

26.05.2026
„Резервирани“ лежалки со пешкири доведоа до судски спор на германски турист

Европа полудува по оваа дестинација: Одмор со се вклучено за само 290 евра – туристите масовно ја откриваат „евтината ризница“

25.05.2026

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

25.05.2026

СЕ ВРАЌА ЛЕГЕНДАРНОТО ЈУГО: Цената звучи нереално, а за потрошувачката никој не верува

25.05.2026

(ВИДЕО) „Мајкл“ руши рекорди во кината: Се приближува до 800 милиони долари и брка историски успех

25.05.2026

Секое утро го пиете, а не знаете: Овој пијалок може да влијае на вашата биолошка возраст

25.05.2026

Препорачани Вести

Кина планира голема набавка на авиони од Ербас, потврди Мерц по средбата во Пекинг

3 месеци ago

Претрес и апсење во Центар – МВР со детали

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Воен авион F-16 се урна по полетување од Турција

    Воени авиони на Грција и Турција во блиска средба над Егејското Море: Избегната ескалација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ново регионално истражување: Повеќе од половина од вработените во Грција се незадоволни од платите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски и Бутковиќ во Охрид: Унапредување на транспортните врски и економската соработка меѓу Македонија и Хрватска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски го пречека Пленковиќ во Охрид: Македонија и Хрватска ја зајакнуваат соработката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамнеи: Ционистичкиот режим се приближува кон својот крај, САД го губат влијанието во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.