Овој викенд Истанбул ќе биде домаќин на престижен меѓународен семинар по традиционално карате, наменет за тренери, судии и натпреварувачи од целиот свет. Настанот ќе се одржи под покровителство на Мелек Кошар, претседател на Федерацијата за традиционално карате на Турција, а за водство на семинарот ќе се погрижат врвните македонски каратисти Венцислав и Дејан Недеви.
На семинарот ќе учествуваат каратисти од Европа и Азија, што ја прави оваа средба уникатна прилика за размена на искуства, усовршување на техниките и зајакнување на меѓународната соработка во светот на традиционалното карате.
Ова не е прв пат Недеви да ја пренесувата својата експертиза надвор од Македонија – во декември минатата година тие одржаа семинари во Франција и Индија, а сега своето знаење ќе го споделат со нови карате ентузијасти во Турција.










