недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

by Redakcija
05.02.2026
in Технологија
Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

Microsoft започна со тестирање на нова функција во најновата Windows Insider верзија од Dev каналот на Windows 11, која го привлекува вниманието на експертите за безбедност и систем администраторите. Овој пат, новината не е поврзана со вештачката интелигенција, туку со нешто значајно за управување и следење на системите – интеграцијата на алатката Sysmon директно во оперативниот систем.

До сега, Sysmon беше достапен преку пакетот Sysinternals и секогаш бараше посебна инсталација. Со оваа промена, Windows 11 ќе го вгради Sysmon како стандардна компонента, овозможувајќи ги сите функции на алатката без дополнителни чекори. Ова значи дека администраторите ќе можат веднаш да добијат детален увид во случувањата на компјутерот, без да се занимаваат со рачно инсталирање и ажурирање на секоја крајна точка.

Sysmon е алатка со огромни можности за форензика и безбедност, од следење на кражба на акредитиви до откривање на непозволени промени во системот. Логовите кои ги генерира ќе бидат достапни директно преку Windows Event Log, а корисниците ќе можат да ги прилагодуваат преку сопствени конфигурациски датотеки за да го филтрираат она што сакаат да го следат.

Марк Русинович, кој стои зад развојот на многу од овие алатки, истакнува дека досегашното распоредување и одржување на Sysmon било „рачно, време-јадливо и ризично“. Секој администратор морал да превзема бинарни датотеки и да ги ажурира илјадници крајни точки, што создава ризик кога надградбите задоцнуваат. Со вградувањето во Windows, овој процес станува автоматизиран, конзистентен и без дополнителни режиски трошоци.

За организациите и професионалците за безбедност, ова значи побрз и поефикасен пристап до критични информации, намалување на ризикот од застарени алатки и значително олеснување во управувањето на сложени дигитални инфраструктури.

Sysmon во Windows 11, најавен уште во ноември минатата година, полека се интегрира, а во наредните месеци администраторите ќе можат целосно да ја искористат моќта на оваа алатка – сега, без дополнителни инсталации и компликации.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

22.11.2026
Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

20.11.2026

Откриени најдобрите и најлошите автомобили на технички преглед: Резултатите ќе изненадат многумина

19.11.2026

Голем кибернапад: Нападнати страниците на дури 178 светски компании

17.11.2026

Xiaomi ги претставува Xiaomi 18 Pro Max и Xiaomi 18 Pro – премиум паметни телефони од новата генерација, создадени за ерата на вештачката интелигенција

17.11.2026
Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Не можеш да го излажеш Трамп двапати“ – Венс го критикува Нетанјаху

8 месеци ago
makedonija eu

Македонците ја враќаат довербата во ЕУ: Пораст на поддршката од граѓаните за членство

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.