вторник, март 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

„Шумите не се само наши“ – Ѕирнете во светот на рисицата Зораниз сликите на Драгослава Ѓуриќ

by Redakcija
06.02.2026
in Магазин

6 февруари 2026 година, Скопје – Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми.

„Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се заштитат така што ќе го правам она што најдобро знам – а тоа е сликањето. Истовремено, решив да се фокусирам на непопуларни и недоволно финансирани видови, па открив дека помалите диви мачки се прилично непознати во споредба со нивните покрупни роднини. Така дознав за балканскиот рис и за Македонското еколошко друштво, од каде што веднаш ме поканија да дојдам со нив на терен и од прва рака да видам како изгледаат живеалиштата на ова животно. Идејата за мојава изложба се роди во текот на таа една недела што ја поминав со нив, кога увидов колку се професионални и упорни, колку ја сакаат својата работа, но и животните што се трудат да ги заштитат“, истакна уметницата Драгослава Ѓуриќ пред присутните посетители.

Токму затоа, сакајќи да ги поддржи натамошните заложби за зачувување на балканскиот рис, таа одлучи нејзината изложба да биде продажна, покажувајќи дека уметноста не е само начин емоционално да се поврземе со насликаното, да си ја нахраниме љубопитноста и да си ги прошириме видиците, туку и конкретно да придонесеме кон зачувувањето на дивиот свет.

Насликани со маслена техника, изложените платна му нудат на посетителот искуствена можност да влезе во балканската шума, да го почувствува нејзиниот пејзаж и да си замисли како изгледа светот на Зора. Во април 2025 година на Зора ѝ беше поставен околувратник за да се добијат значајни информации за однесувањето, движењето и навиките на балканскиот рис, со крајна цел да се планираат подобри мерки за неговата заштита.

„Зора вистински постои. Таа не е апстрактен концепт или бројка, туку вистинско живо суштество што во тој шумски свет живее хармонично со многу други видови, од кои тука се претставени само некои. Сликите во случајов не се само декорација на ѕидот, тие се мала шума во која може да влезете и можеби да го почувствувате истото што го почувствував и јас додека бев на терен со тимот на МЕД – дека природата не е далеку од нас и дека треба одново да научиме како да ја гледаме“, додаде уметницата.

Како што истакна д-р Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на дивите животни во МЕД, на барање на уметницата, изложбата е дополнета со дел од најефектните теренски фотографии на рисот, од кои повеќето се „уловени“ со фотозамки, како и со теренски видеоснимки од Зора и од останатите животни во овдешните краишта. Преку нив, се доловуваат не само реалните опкружувања на балканскиот рис, туку и теренската работа што МЕД веќе 20 години ја спроведува во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ заедно со партнерските организации од Косово и Албанија.

Изложбата во Скопје е отворена за сите возрасти и ќе трае до 12 февруари.

Related Posts

ВИДЕО: Седум украдени кутриња пешачеле 17 километри за да се вратат дома

24.03.2026
Туристичките резервации за источниот Медитеран паѓаат поради конфликтот во Иран

Туристичките резервации за источниот Медитеран паѓаат поради конфликтот во Иран

24.03.2026

ХОРОСКОП: Денес ѕвездите ги мешаат картите – некој добива љубов, а некој пари – кој знак е на врвот?

24.03.2026
Мачките како терапевти: Како нивното присуство го подобрува нашето здравје?

Мачките како терапевти: Како нивното присуство го подобрува нашето здравје?

23.03.2026

7 дена луксуз за само 270 евра: Хит-дестинација за лето 2026

23.03.2026

Дневен хороскоп: Големи одлуки, љубовни пресврти и нови можности за сите знаци – Дознајте повеќе што ви носи денешниог ден

23.03.2026

Препорачани Вести

Нема бегање од камерите на “Сејф Сити” : Најголемата глоба 400 евра, најмалата 20 – запознајте се со казните кои ќе важат од 1 февруари

2 месеци ago
Земјоделците во Македонија се соочуваат со сериозни предизвици: Националната федерација на фармери бара конкретни мерки

Земјоделците во Македонија се соочуваат со сериозни предизвици: Националната федерација на фармери бара конкретни мерки

5 дена ago

Популарни Вести

  • Скандалот со боледувањата се шири – сомнежи за нови злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема полициска акција – Приведени лица од Тетовско, Куманово и Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Велес – МВР со детали за настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • CNN: САД немаат јасна опција за завршување на војната во Персискиот Залив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пресврт во Иран: Техеран наводно прифаќа преговори со Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.